Национална Oпера и Балет


Детали
бул. Гоце Делчев бр. 4
Национална Oпера и Балет
Македонската опера и балет во Скопје (скр. МОБ) (англиски: Macedonian opera and ballet), е културен објект од областа на јавните згради за изведбени уметности која е изградена во 1979 година во центарот на градот, како дел од оформувањето на сликата и просторот во централното градско подрачје. Таа е проектирана за конкурсот кој е распишан со цел градот да добие нов културен центар како дел од комплекс на културни јавни објекти . Комплексот е дело на група словенечки архитекти од “Биро 77”, односно архитектите Стефан Кацин, Јуриј Принцес, Марјан Уршич и Богдан Сплиндер, кои со својот проект го добиваат конкурсот во 1968.