„ДОЛГАТА БОЖИЌНА ВЕЧЕРА“ / „ЖЕНИ ВО Д-МОЛ“

Национална Oпера и Балет, Скопје

20:00

17 Feb

„ДОЛГАТА БОЖИЌНА ВЕЧЕРА“ / „ЖЕНИ ВО Д-МОЛ“

Event details

Date (start) 17-02-2023
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

„ДОЛГАТА БОЖИЌНА ВЕЧЕРА“ / „ЖЕНИ ВО Д-МОЛ“

Гостување на Балетот на Државна опера Пловдив, Р.Бугарија

„Долгата божиќна вечера“ – танцов театар базиран по истоимената драма на Торнтон Вајлдер
Музика: Антонио Вивалди

„Жени во Д-мол“ – танцов театар
Музика: Јохан Себастијан Бах

 

Настапуваат балетски уметници од Државната опера Пловдив
Проектот се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Бугарија

ТАНЦОВ ТЕАТАР НА РАДУ ПОКЛИТАРУ НА СЦЕНАТА НА НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ ВО СКОПЈЕ

Балетот на Државната Операта Пловдив во Скопје претставува две танцови претстави од еден чин со меѓународно признание на водечкиот современ кореограф Раду Поклитару. „Долгата Божиќна вечера“ според истоимената драма на Торнтон Вајлдер и музика на Вивалди и „Жени во Д-мол“ од Бах, инспирирана од „Куќата на Бернарда Алба“ од Лорка ќе гостува на 17 февруари, во 20 часот на сцената на Националната опера и балет на Северна Македонија.

Презентацијата на делото на Раду Поклитару е еден од најсветлите настани во танцовиот календар во Бугарија за оваа година.

Раду Поклитару е основач и главен кореограф на Киевскиот академски театар за модерен балет, почесен уметник на културата на Украина, народен уметник на Молдавија, добитник на бројни европски меѓународни награди, професор на Катедрата за модерна кореографија на Националниот универзитет за култура и уметности во Киев. Покрај десетици претстави во Киевскиот модерен балет, низ годините поставува балетски продукции во театарот Бољшој, театарот Марински, националните опери на Украина, Молдавија, Латвија, Белорусија, Чешка, Србија итн. Раду Поклитару од почетокот на годинава е дел од тимот на Државната Опера Пловдив.

Tickets

  • Билет

    Buy tickets

    17-02-2023 Price: 400-600ден.