SASO POPOVSKI TRIO + BELMONDO QUINTET

Национална Oпера и Балет, Скопје

20:00

17 Oct

SASO POPOVSKI TRIO + BELMONDO QUINTET

Event details

Date (start) 17-10-2020
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

SASO POPOVSKI TRIO + BELMONDO QUINTET

SASO POPOVSKI TRIO (С. Македонија)

Сашо Поповски е македонски џез-гитарист и композитор кој во својата досегашна кариера има настапувано на повеќе џез-фестивали во Европа, како Рочела во Италија, Перто во Санкт Петербург во Русија, Нишвил во Србија, Петровац во Црна Гора, во реномираниот Budapest Jazz Club во Унгарија и други. Соработувал со повеќемина реномирани џез-уметници, меѓу кои: Тони Китановски, Оскар Салас, Милчо Левиев, Дејв Вилсон и Гоце Мицанов. Тој е актуелен раководител на Џез одделот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во досегашната своја кариера Поповски снимил пет албуми со различни македонски музичари, автор е на многу соло композиции и на музика за филм и театар. Неговиот актуелен трио проект ги вклучува искусниот Иван Бејков на контрабас и младиот Виктор Филиповски на тапани, со кои Поповски го сними материјалот за албумот „Fallen Land“ зад кој со својата репутација како издавач застана SJF Records. Музиката на Сашо Поповски има чисти линии, сложени структури и развиена фантазија. Ритмички и мелодиски, таа потсетува на ориентални обрасци, што ја прави малку мистична. Тој ги креира своите композиции околу јасни и привлечни мелодиски линии. „Fallen Land“ е албум во кој можеме да го најдеме најдоброто од современата џез музика на Балканот.

BELMONDO QUINTET (Франција)

Има ли некој кој не ги познава браќата Белмондо? Стефан, со стилската возбудливост на Чет Бејкер и Фреди Хабард, еден од најлиричните трубачи во светот и најпочитуваните музичари од оваа страна на Атлантикот. Лајонел, саксофонистот кој ја обедини музиката на Лили Буланже и Јусеф Латиф и спиритуалноста на Колтрејн ja поврза со француските литургиски традиции. За повеќе четврт век двајцата исклучителни музичари поминуваа низ голем број музички авантури, бескомпромисно подржувани од нивната група, од најблиските соработници. Денес, со сето искуство зад себе и верноста на своите принципи тие, храбро ја оживуваат легендата на квинтетот, вклучувајќи го овојпат во него и извонредниот пијанист Лорен Фикелсон. Браќата Белмондо имаат настапувано на сите најголеми светски џез фестивали и се здобија со сите најпрестижни награди. Нивниот дискогафски опус е огромен и ги вбројува и плочите снимени со великаните на џезот: Ди Ди Бриџвотер, Мишел Легранд, Гил Еванс, Стефан Грапели, Џеки Терасон, Јусуф Латиф, како и со големиот бразилски пејач и композитор Милтон Нашименто. Квинтетот Белмондо практично е ол-старс бенд со ретка спиритуална енергија која ќе ве потсети на Џон Колтрејн и остави без здив.

Tickets