Како да купам?

Ви Благодариме што се приклучивте на многуте клиенти кои купуваат онлајн преку www.mktickets.mk. Доколку купувате за прв пат, следете ги чекорите што се дадени како инструкции за успешно купување. Купувањето преку www.mktickets.mk се одвива лесно, брзо и едноставно.

Се што треба да направите е:

    1. Од почетната страна да го изберете настанот за кој сакате да купите карти. Со кликање на сликата од настанот, Ви се отвора нова страна која Ви нуди детални информации за настанот како и копче “Купи Билети” преку кој можете да продолжите со процесот на избирање на карти.

    1. Следен чекор е да изберете број на карти кои сакате да ги купите како и блок, ред и седишта од оние кои Ви стојат на располагање. Со избирање на копчето “ОДБЕРИ”
    2. системот автоматски ги префрла во кошничка избраните карти.
    3. Откако сте провериле дека сите карти се ставени во кошничка, кликате на копчето КУПИ.

    1. На страна каде треба да ги оставите Вашите податоци, да се согласите со правилникот за приватност и да потврдите дека внесените податоци се точни, проверете дека сите полиња се правилно пополнети.
    2. Го внесувате четирицифрениот верификациски код и продолжувате понатаму со клик на копчето “КУПИ”.

  1. Ги внесувате потребните информации како број на платежна картичка, датум на важност и сл. и кликнете на копчето “продолжи”. По успешната трансакција, Вашите билети ќе бидат купени а на екранот ќе добиете порака со текст “Вашата трансакција е успешна”
  2. Доколку сте добиле таква порака, картата е Ваша! На e-mail адресата, која ја оставивте во петтиот чекор, ќе добиете потврда и електронски ваучери во пдф формат.
  3. Доколку на екранот добиете порака “Вашата трансакција е откажана” потребно е да го започнете процесот од почеток и при последниот чекор да се уверите дека точно ги внесувате податоците од Вашата платежна картичка, заедно со трицифрениот код што се наоѓа на на задната страна од картичката. Дополнително потребно е да проверите дали имате доволно средства на Вашата сметка.

Ви благодариме на довербата.