DRAGAN I RATKO DAUTOVSKI / CANZONIERE GRECANICO SALENTINO @OFFest 2025
Национална Oпера и Балет, Скопје
20:00
05 Jun


Event details
Event map
DRAGAN I RATKO DAUTOVSKI / CANZONIERE GRECANICO SALENTINO @OFFest 2025
ДРАГАН И РАТКО ДАУТОВСКИ
ДРАГАН ДАУТОВСКИ тамбура, гајда, кавал
РАТКО ДАУТОВСКИ перкусии
https://www.instagram.com/dautovskipercussion/
Драган Даутовски, етномузиколог, музичар, композитор и научен работник, е роден во 1957 година во село Русиново, Берово. Професор е на Факултетот за музичка уметност во Скопје и е член на Меѓународниот совет за традиционална музика и танц. Народните инструменти и традиционалната музика ќе му бидат неопходни во неговата пет-децениска уметничка, педагошка и научна дејност. Извлечените звучни вредности од длабочините на нашата фолклорна ризницата, често надградени и осовременети, се неговиот уметнички белег. Во 1992 година го основал ансамблот „Миле Коларовски“, во 1995 година ја формира групата „ДД Синтезис“, а во 2000 година „Квартетот Драган Даутовски“. Учествува во создавањето на музиката за култниот филм „Пред дождот“ но е и автор на музиката на поголем број театарски, балетски и мултимедијални постановки. Драган е иницијатор на страста за музика кај неговиот син Ратко Даутовски. Тој од најрана возраст нурка во музиката со посветеност во истражувањето на богатите мело-ритмички структури, како во македонскиот фолклор, така и во светската музика. Ратко Даутовски е соработник на поголем број наши познати групи и е член на НУ “Танец“.
CANZONIERE GRECANICO SALENTINO – 5 Јуни • Национална опера и балет • 22:00
MAURO DURANTE вокал, деф и виолина
ALESSIA TONDO вокал и перкусии
GIULIO BIANCO гајда, хармоника и дувачки инструменти
MASSIMILIANO MORABITO хармоника
EMANUELE LICCI вокал, гитара и бузуки
GIANCARLO PAGLIALUNGA вокал и перкусии
SILVIA PERRONE танц
https://canzonieregrecanicosalentino.net/
Педесет години како таранта ритмите на Canzoniere Grecanico Salentino (CGS) исцелуваат ипулсираат. Тоа се половина век на исклучително возбудлива музика и сензационални живинастапи. Основани во 1975-та од фамилијата Дуранте, а сега предводени од визионеротнаследник Мауро Дуранте, CGS континуирано ги негуваат своите корени од јужна Италија и јаносат традиционалната жештина на сцените низ светот. Писателката Рина Дуранте е онаа којатогаш ја оживеа идејата, а денес Canzoniere Grecanico Salentino се водечкиот и најдолговеченфолклорен состав во Италија. CGS вибрираат со енергијата на древниот pizzica taranta ритуал, за кој се вели дека со избезумувачкиот танц што турка во транс, се лечи и отровното каснување од тарантулата. А не е ни чудо што по 20 албума и небројни концерти, Canzoniere Grecanico Salentino во 2018-та ја добија наградата за „Најдобра група на светот“ на Songlines music awards. Девет години по фантастичниот настап на ОФФест се враќаат во Скопје како дел од славеничката турнеја.
Tickets
-
Билет
Buy tickets05-06-2025 Price: 800ден.