JUSTIN ADAMS & MAURO DURANTE / KRSTE RODŽEVSKI

Национална Oпера и Балет, Скопје

20:00

09 Jun

JUSTIN ADAMS & MAURO DURANTE / KRSTE RODŽEVSKI

Event details

Date (start) 09-06-2023
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

JUSTIN ADAMS & MAURO DURANTE / KRSTE RODŽEVSKI

Џастин Адамс и Мауро Дуранте се врвни музичари со различен бекграунд кои ги обединува нивната длабока поврзаност со древната транс музика. Реномираниот гитарист, продуцент и композитор Џастин Адамс ја започна својата кариера во добата на пост-панкот, но во меѓувреме ги збогати своите интереси, внесувајќи стар блуз, арапска и африканска музика, фолк и многу други влијанија во своето свирење. Соработуваше, меѓу другите, со уметници како Џа Вобл, Tinariwen и Роберт Плант – беше главен соработник во неговиот бенд Sensational Spaceshifters. Ова ново дуо со Мауро Дуранте, виолинистот/перкусионистот на групата Canzoniere Grecanico Salentino, датира од концертот предводен од Лудовико Еинауди во рамките на фестивалот Notte della Taranta во Пуља, каде што двајцата првпат свиреа заедно, препознавајќи го сродниот интерес во транс ритмите на локалната Таранта. Заедно, тие создаваат жив, соголен звук кој се движи и маѓепсува, со едноставни мелодии и опсесивно-репетитивни обрасци, подеднакво соодветни за танцување и мечтаење.

Крсте Роџевски е македонски пејач, гитарист и композитор, активен на авангардната „даунтаун“ сцена од неговата преселба во Њујорк во доцните деведесетти. Станува збор за концептуални албуми со интроспективни текстови и електроакустичен звук, збогатен со експериментални и фри-џез елементи. Во нивното создавање, тој соработува со некои од најеминентните имиња на њујоршката експериментална и импро-џез сцена (Бил Ласвел, Томика Рид, Крис Дејвис, Икуе Мори, Мери Халворсон, Ингрид Лауброк, Тома Фуџивара, Кирк Кнафке, Крис Спид и др.), како и со неколку врвни претставници на модерната чикашка сцена (Џеф Паркер, Никол Мичел, Кен Вандермарк итн.). На неговиот соло акустичен настап на OFFest, тој ќе ги претстави своите песни во една чиста, наивна и соголена форма, ослободена од студиските дотерувања.

Tickets