TORD GUSTAVSEN TRIO / JAMES BRANDON LEWIS UNRULY QUINTET

Национална Oпера и Балет, Скопје

20:00

20 Oct

TORD GUSTAVSEN TRIO / JAMES BRANDON LEWIS UNRULY QUINTET

Детали за настанот

Датум (старт) 20-10-2019
Град Скопје
Почеток 20:00

Мапа на настанот

TORD GUSTAVSEN TRIO / JAMES BRANDON LEWIS UNRULY QUINTET

Пијанистот Торд Густавсен е роден 1970 година во Осло, но пораснал во норвешката внатрешност. Почнува да свири пијано на четири години, а компонира и импровизира пред воопшто да научи да чита музика и да изведува класични дела. На 19-годишна возраст се запишува на Универзитетот во Осло, развивајќи притоа особен интерес за џезот. Во 1993 година е примен на одделот за џез на Музичкиот конзерваториум во Трондхајм, каде што формира неколку состави со кои ја обиколува Скандинавија. Пред да ја започне својата соло кариера, Торд веќе неколку години е неодминлив актер на норвешката џез сцена. Неговото музицирање претставува клучна карика во проектите на некои од најдобрите норвешки пејачки: Солвег Слетахјел, Сиље Нергард, Сири Гјаре и Кристин Асбјорнсен. Поривот за индивидуално изразување соединет со интензивното внимателно слушање низ взаемна творечка интеракција, го прави Торд особено интересен и возбудлив, како солист и со бенд. Густавсен има издадено осум албуми за ECM со својот ансамбл и трио. Неговата музика доживува енормно позитивни критики насекаде во светот. Добитник е на норвешката награда Греми (Spellemannsprisen), како и на бројни други признанија и награди. Ансамблите на Торд откриваат уникатен универзум на лирика и суптилен фанк-призвук. Неговиот начин на комбинирање на џез-историјата со „нордиските“ рефлективни расположенија и лирска убавина е вистинско освежување и провокација на денешната музичка сцена.

Џејмс Брендон Луис, роден 1983 година во Бафало, Њујорк, е саксофонист, композитор, студиски музичар и едукатор кој ужива добар глас кај критиката. Ги комбинира госпел и блуз традициите со искуствата на фри-џезот, експериментирајќи со најдлабоките тонови на својот инструмент. Сето ова го сместува во друштвото на големите. Бележи заеднички настапи и снима со врвни музичари како Вилијам Паркер, Хамиет Блует, Хамид Дрејк, Рави Колтрејн, Џими Хит, Џамаладин Такума, Џо Ловано, Дејв Даглас, Марк Рибо и Крег Харис. Лидер е на бројни ансамбли и еден е од основачите на американскиот поетско-музички состав Heroes Are Gang Leaders, добитник на наградата “American Book Award” во 2018 година. Луис има диплома од универзитетот Хауард и титула магистер на ликовна уметност од Институтот за уметност во Калифорнија. Џејмс Брендон Луис, миленикот на Сони Ролинс, има извонреден звук кој се карактеризира со жестокост, но во исто време поседува и една лирска, сонувачка нишка. Овие квалитети се особено успешно нагласени и вградени во албумите “Divine Travels” (2014), “Days Of FreeMan” (2015) и “No Filter” (2016). На својот последен проект “An Unfuly Manifesto” (2019), James Brandon Lewis и неговиот Unruly Quintet го истражуваат поимот слобода. Овој албум, посветен на Чарли Хејден, Орнет Колман и надреализамот. Луис го опишува како повик за акција. „Секој ден е шанса да ја откриеш највистинската верзија на твоето јас и потоа да ја наплаќаш немилосрдно.”

Билети