MARI KALKUN / ZARINA PRVASEVDA

Национална Oпера и Балет, Скопје

20:00

08 Jun

MARI KALKUN / ZARINA PRVASEVDA

Event details

Date (start) 08-06-2023
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

MARI KALKUN / ZARINA PRVASEVDA

Музиката на Мари Калкун, иако ја пее на јазик што малкумина го разбираат, создава медитативна и интригантна атмосфера која предизвикува многу емоции. Нејзините слободни музички аранжмани во основа се детерминирани од звукот на канелот – традиционална естонска цитра. Така, она што останува во преден план е гласот на Калкун, кој е во исто време меланхоличен и радосен, нежен и спокоен. Мари признава дека за неа е клучно за кого и за што пее – многу од нејзините песни се посветени на блиски луѓе или на животни пресвртници како раѓање, смрт или свадба. Воедно, тие ја слават и чистата убавина на секојдневието, па оттаму таа често ги користи текстовите на локалните поети што го опишуваат руралниот живот, приказни и пејзажи.

 

На границата меѓу автентичноста и пренесувањето на културното наследство низ самоизразување, македонската уметница Зарина Првасевда го пронајде својот сопствен израз на нејзиниот долгоочекуван деби албум „Ехо“, издание што содржи единствен пристап – 11 традиционални песни на 4 различни јазици. Објавен од Croatia Records, албумот ја сумира уметничката визија на Зарина низ слободата и талкањето меѓу сите влијанија од фолклорното наследство што ја инспирирале. Додека нејзините вокални техники се темелат врз источно-европските традиции, инструменталната и ритмичката разновидност дише низ целата плоча.

Tickets