FATOUMATA DIAWARA (MALI)

OFFEST 2019, , Македонска опера и балет, Скопје

20:30

05 Jun

FATOUMATA DIAWARA (MALI)

Детали за настанот

Датум (старт) 05-06-2019
Фестивал OFFEST 2019
Град Скопје
Почеток 20:30

Мапа на настанот

FATOUMATA DIAWARA (MALI)

FATOUMATA DIAWARA
Fatoumata Diawara – vocals, guitar
Sékou Bah – bass
Yacouba Koné – guitar
Jean-Baptiste Ekoué Gbadoé – drums
Arecio Smith – keyboards

http://fatoumatadiawara.com

Појавувајќи се експлозивно на сцената во 2011, Fatoumata Diawara во последниве години се
етаблираше како една од водечките женски гласноговорнички на новата африканска творечка
генерација. Нејзиниот спектакуларен деби албум „Fatou“ (2011), ја лансираше оваа пејачка,
актерка и активистка од Мали, меѓу најекспонираните нови африкански уметници на планетата.
Вториот албум „Fenfo“ („нешто да кажам“), пак, на драматичен начин ги исполни очекувањата
испорачувајќи нова збирка живописни и оригинални композиции што се потпираат врз нејзините
богати животни искуства. Храбро експериментален, но со длабока почит кон потеклото, ова е
албум што ја дефинира како глас на младата африканска жена – горда на своето наследство, но со
сопствена визија за иднината и универзална порака.

Билети