OFFEST 2019

OFFEST 2019

Осумнаесеттото издание на OFFest ќе се одржи од 3 до 8 јуни во Скопје. Програмата е свежа и возбудлива, повеќе од кога било. Извонредното и повеќе пати наградувано виртуозно дуо Catrin Finch & Seckou Keita ветува исклучително музичко доживување од највисок светски ранг. Македонскиот композитор, гитарист и пејач од Њујорк – Крсте Роџевски првпат настапува во татковината со својот њујоршки ол-стар бенд. Aмбасадорот на инструментот нгони, Bassekou Kouyate од Мали, се враќа во Скопје со својот бенд Ngoni Ba и со новиот, суптилен и носталгичен албум “Miri”. Fatoumata Diawara ја сметаат за најдобра од новата генерација африкански поетеси-пејачки. Таа со својот несомнен талент и шарм ја освои светската музичка сцена последниве неколку години. Импресивната моќ на Sondorgo од Унгарија, кои докажаа дека се еден од највозбудливите европски бендови, во комбинација со експлозивната енергија на незапирливите Dzambo Agusevi Orchestra, создаваат услови за неминовна „Balkan Fever” журка. Заводливата аудио-визуелна покана за патување во светот од другата страна на Медитеранот, зад завесата што води директно до Арапските ноќи и другите слични бајки на либанската група Love And Revenge одлично се вклопува во фасцинантниот електро психоделичен музички огномет на колумбиските тропски велемајстори Romperayo. Конечно, Daddy G од Massive Аttack повикува на танц до доцна во ноќта. Неговите диџеј сетови се еклектични, возбудливи и софистицирани. Како OFFest 2019

Festival tickets

  • OFFEST комплет билет

    Buy ticket

    , 03-06-2019, Price: 2900den.

  • CATRIN FINCH & SECKOU KEITA (WALES/SENEGAL) KRISTO RODZEVSKI (MACEDONIA/USA)

    Buy ticket

    , 03-06-2019, Price: 900den.

  • BASSEKOU KOUYATÉ & NGONI BA (MALI)

    Buy ticket

    , 04-06-2019, Price: 400den.

  • FATOUMATA DIAWARA (MALI)

    Buy ticket

    , 05-06-2019, Price: 1200den.

  • SÖNDÖRGŐ (HUNGARY) / DZAMBO AGUSEVI ORCHESTRA (MACEDONIA)

    Buy ticket

    , 06-06-2019, Price: 400den.

  • LOVE AND REVENGE (LEBANON) ROMPERAYO (COLOMBIA)

    Buy ticket

    , 07-06-2019, Price: 400den.

  • DADDY G (MASSIVE ATTACK) – DJ SET (UK)

    Buy ticket

    , 08-06-2019, Price: 500den.