Söndörgő (Hungary) / Dzambo Agusevi Orchestra (Macedonia)

OFFEST 2019, , Младински Културен Центар, Скопје

20:00

06 Jun

Söndörgő (Hungary) / Dzambo Agusevi Orchestra (Macedonia)

Детали за настанот

Датум (старт) 06-06-2019
Фестивал OFFEST 2019
Град Скопје
Почеток 20:00

Мапа на настанот

Söndörgő (Hungary) / Dzambo Agusevi Orchestra (Macedonia)

SONDORGO
Aron Eredics – first tambura, cello tambura, derbuka, saz
Benjamin Eredics – kontra tambura, trumpet
David Eredics – alt tambura, clarinet, alt saxophone, soprano saxophone, kaval
Salamon Eredics – alt tambura, accordion, hulusi, shepards flute, cello tambura
Attila Buzas – tambura bass, tapan, koboz

www.sondorgo.hu
Sondorgo е еден од водечките претставници на тамбурашката музика од Унгарија. Формиран од
браќата Ередиќ кон средината на 90-тите години во Сентендре (мал унгарски град близу
Будимпешта со долгогодишна српска традиција), овој возбудлив состав е посветен на
изведувањето и промовирањето на јужнословенската фолк музика собрана од Бела Барток и
Тихомир Вујичиќ, популарна кај заедниците што живеат долж реката Дунав. Нивната мисија е да
ги оживеат скриените скапоцени камења на различните балкански звуци. Но, за разлика од
повеќето групи што свират балканска музика, Sondorgo не изведуваат музика за дувачки оркестар,
туку тамбурашка музика со извонредна техничка виртуозност и свежа интерпретација.

DZAMBO AGUSEVI ORCHESTRA
Dzambo Agusev – trumpet, vocals, band leader
Koco Agusev – trumpet
Dzemal Agusev – trumpet, vocals
Sunaj Mustafov – trumpet
Ali Zekirov – tenor horn
Dzafer Fazliov – tenor horn
Mustafa Zejnelov – tenor horn
Sukri Dzevatov – helicon
Orfej Chakalovski – big drum
Redzep Nedzatov – drums

News


Од скромните почетоци во малата Струмица до освојување на сцените ширум планетава, Dzambo
Agusevi Orchestra прерасна во врвна атракција на светската музичка сцена. Лидерот Џамбо
Агушев, познат и по прекарот „the funky tiger“, е најпрославениот македонски музичар по
заминувањето на Есма Реџепова, но тој, сепак, нема намера да подзаспива на ловориките на
славата заработувајќи вистинско богатство со свирење на раскошни свадби и големи фестивали.

Билети