Daddy G (Massive Attack) – dj set (UK)

OFFEST 2019, , Epicentar Summer Club, Скопје

00:00

08 Jun

Daddy G (Massive Attack) – dj set (UK)

Детали за настанот

Датум (старт) 08-06-2019
Фестивал OFFEST 2019
Локација Epicentar Summer Club
Град Скопје
Почеток 00:00

Мапа на настанот

Daddy G (Massive Attack) – dj set (UK)

Грант Маршал, познат по неговиот уметнички псевдоним Daddy G, се смета за духовен татко на
феноменот што во историјата е познат како „Бристолски звук“. Тоа е оној лабаво-мрачен звук што
во себе вдишува даб, реге, фанк, диско и хип-хоп, звук што остави глобална трага во последниве
речиси три децении, застапуван од неговите главни протагонисти: Massive Attack, Tricky,
Portishead, Smith & Mighty… Тој e еден од основачите на Wild Bunch Sound System, од коj
произлегоа Massive Attack. Покрај Mushroom и 3-D, Daddy G беше еден од клучните членови на
групата како и еден од главните вокали. Сепак, далеку пред да формира бенд, Daddy G беше
познат како диџеј. Во 1980 година тој беше еден од најмладите диџеи во Бристол, а неговото име
стана синоним за музички еклектицизам. Уште во времето на Wild Bunch Sound System, Daddy G
веќе имаше статус на локална ѕвезда. Неговите диџеј сетови беа легендарни не само поради
самата селекција и вештини на миксање, туку и по неговата способност да го употреби
микрофонот на толку различни начини како што тоа го правеше и со грамофоните. Успехот на
Massive Attack во 90-тите ја проретчи активноста на Daddy G како диџеј, но тој никогаш целосно не
го напушти овој свој вроден порив. А кога Massive Attack се на распуст, Daddy G продолжува да ги
поттикнува луѓето да танцуваат во најдобрите клубови во светот.

Билети