Love and Revenge (Lebanon) Romperayo (Colombia)

OFFEST 2019, , Младински Културен Центар, Скопје

20:00

07 Jun

Love and Revenge (Lebanon) Romperayo (Colombia)

Детали за настанот

Датум (старт) 07-06-2019
Фестивал OFFEST 2019
Град Скопје
Почеток 20:00

Мапа на настанот

Love and Revenge (Lebanon) Romperayo (Colombia)

LOVE & REVENGE
La Mirza – live video editing
Rayess Bek – machines
Mehdi Haddab – electric oud
Julien Perraudeau – keyboards

http://rayessbek.net
Love and Revenge е заеднички проект на либанскиот хип-хоп пионер Рејес Бек и визуелната
уметница Ранда Мирза. Станува збор за музичка рефлексија на нивниот културен идентитет, со
цел да им дадат втор живот на старите арапски популарни песни и филмови, прилагодувајќи ги на
принципите на современата музичка продукција и модерната визуелна естетика. Материјалите за
своите визуелни и аудио семплови ги наоѓаат во уметничките дела на таканаречената „златна ера“
на арапската култура, во арапската музика и филмовите од 40-тите и 50-тите години на минатиот
век. Love And Revenge настапуваат во живо, пред платното врз кое во текот на концертот се
прикажуваат романтични сцени од класичните арапски филмови, а бендот е составен од четири
члена: покрај Бек и неговите електронски битови и Мирза со нејзините визуелни ефекти, тука се и
Жулиен Перадо на клавијатури и виртуозот на електричен уд Мехди Хадаб. Нивниот перформанс
претставува заводлива аудио-визуелна покана за патување во светот од другата страна на
Медитеранот, зад завесата што води директно до Арапските ноќи и другите слични бајки за
љубовта и одмаздата.

Билети