3Д мултимедијален концертен спектакл – GROOVE

Национална Oпера и Балет, Скопје

20:00

21 Apr

3Д мултимедијален концертен спектакл – GROOVE

Event details

Date (start) 21-04-2023
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

3Д мултимедијален концертен спектакл – GROOVE

Камерниот оркестар „Профундис“ со мултимедијален концертен спектакл „GROOVE“

Досега невидени сценски визуелни ефекти во форма на 3Д мапинг и уникатна програма ќе бидат премиерно прикажани на концертниот спектакл „GROOVE“ (ГРУВ) на македонскиот камерен оркестар „Профундис“ кој ќе се одржи на 21 април на сцената на Националната опера и балет.
На ова аудиовизуелно доживување како солист ќе настапи виртуозот на виолончело Драган Ѓорѓевиќ – Сузуки, кој пред македонската публика ќе се претстави заедно со врвните музичари од камерниот состав „Профундис“ под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ.

Музичкото искуство на присутните ќе биде збогатено со специјално креирани 3Д визуелни ефекти кои со технологијата на 3Д мапинг во целост ќе ја оживеат сцената на Националната опера и балет и ќе бидат уникатно доживување кое за првпат ќе се случува во нашата земја на концерти од класичната музика.

На концертниот спектакл „GROOVE“ (ГРУВ) ќе прозвучи оригинална програма со четири праизведби составена од класиката, преку фолклорот, до рокенролот. Ексклузивноста на програмата преку делата на Џими Хендрикс, Палп Фикшн-Мизерлоу, В.Валтон, Д.Шостакович, Офенбах, Попер и Сарасате ќе ја збогати и делото на македонскиот композитор Дарко Илиевски – „Motus folklorikus“, напишано специјално за овој настан и посветено на камерниот оркестар „Профундис“.

Tickets

Tickets shops

СКОПЈЕ

ЛитератураМК East Gate Mall
ЛитератураМК Skopje City Mall
ЛитератураМК Улица Македонија
ЛитератураМК ТЦ Буњаковец
Туристичка агенција ЈК Травел ТЦ Бисер
Бензиска пумпа Макпетрол Влае
Бензиска пумпа Макпетрол Козле
Бензиска пумпа Макпетрол Илинденска

ТЕТОВО

ТОБАКО МОНАКО – ул. Илинденска 176
ГРАНД ТОБАКО – Ул. 29 Ноември бр.107 лок бр.2

ГОСТИВАР

Тобако Вона Пет ул. Живко Брајковски 15

ОХРИД

Туристичкаа агенција Вис Пој Бул. Македонски Просветители бр.1

ПРИЛЕП

T.A. БРАН – Пере Тошев 75

БИТОЛА

ЛитератураМК Широк Сокак 40
TOBACCO BROTHERS – Широк Сокак

КУМАНОВО

Тобако Агора ТЦ Гарнизон T.Ц. Гарнизон

ВЕЛЕС

УНИСОН – Благој Ѓорев 9

РАДОВИШ

HALKIDIKI TRAVEL- Партизанска бр. 43

СТРУМИЦА

LITERATURA.MK – Благој Јанков Мучето бр. 4
ТА САФАРИ – ул. Благој Јанков Мучето бр. 2

ШТИП

City Point Tobacco 1 Кирил и Методиј бр. 20