YORDAN KOSTOV ENSEMBLE / L.U.M.E

Национална Oпера и Балет, Скопје

20:00

22 Oct

YORDAN KOSTOV ENSEMBLE / L.U.M.E

Event details

Date (start) 22-10-2021
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

YORDAN KOSTOV ENSEMBLE / L.U.M.E

Јордан Костов е македонски музички уметник, хармоникаш, пијанист, композитор, импровизатор, аранжер и продуцент. Тој ѝ припаѓа на генерацијата млади македонски уметници кои поодамна имаат раскрстено со предрасудите и кои го имаат надминато стравот од нормална творечка комуникација со глобалниот свет, создавајќи свој, сопствен, уникатен музички израз што упорно им пркоси на сите форми на комерцијалната музика. Слободна по својата суштина, авангардната музика на овој сестран композитор и инструменталист плови во водите на џезот и музиката на светот, едновремено апсорбирајќи ги влијанијата од класичното творештвото и одржувајќи врска со македонската музичка традиција и нејзините егзотични скали и ритмови.

L.U.M.E. (Lisbon Underground Music Ensemble), формиран и предводен од Марко Баросо, е бенд составен од 15 џез и класични музичари којшто гравитира помеѓу афинитетите кон класичниот модел на биг-бенд и неговите реинтерпретации или провокации. Во рамките на честопати ироничната драматизација на практиките и вокабуларот на џез, рок или класичната музика, и продорот во експерименталните сфери, музиката на Марко Баросо и L.U.M.E. го трансформираат наследството на биг-бендовите, ослободувајќи ја од нејзините конвенционални модели и отворајќи нови естетски перспективи – своевиден калеидоскоп со широки хоризонти, во континуирана „што ако?“ перспектива. Родени во 2006 година, L.U.M.E го издадоа својот прв истоимен албум во 2010 година, што доживеа и второ издание во 2013 година.

Tickets