Македонска Филхармонија


Детали
Кеј „Димитар Влахов“ бб
Македонска Филхармонија
По цели 73 години од своето постоење, Македонската филхармонија конечно доби свој дом. Нов музички храм кој ќе почне да испишува и нова историја на најстарата национална музичка институција во земјава. Сместена помеѓу Државното музичко-балетско училиште „Илија Николовски-Луј“ и Македонската опера и балет, современата концертна сала изградена по светските стандарди за тоа како треба да изгледа и да функционира простор наменет за симфониски оркестар, е мелем за очите. Нејзиното издигнување значеше и заокружување на толку неопходната музичка и воопшто уметничка димензија на градот.
Македонската филхармонија е првиот и единствен симфониски оркестар во Република Македонија, а со тоа и единствен постојан репрезент на симфониското творештво на македонската музичка сцена. Во последната декада особено, оваа институција го подмлади оркестарот и со тоа внесе нов елан и ентузијазам и силна желба за работа. Денес, звукот е издигнат на високо квалитативно скалило, а својата програма редовно ја збогатува со комплексни и нови, современи дела, кои се предизвик и за светските симфониски оркестри. Инвентивниот и креативен репертоар е во баланс со традиционалните музички вредности и токму тоа ја привлекува публиката, особено новите генерации на слушатели.