John I. Apelgren – Звуците на Бразил

Македонска Филхармонија, Скопје

20:30

01 Oct

John I. Apelgren – Звуците на Бразил

Event details

Date (start) 01-10-2022
City Скопје
Time (start) 20:30

Event map

John I. Apelgren – Звуците на Бразил

„Звуците на Бразил“ e насловот на последниот проект на најистакнатиот македонски џез вокалист Џон Илија Апелгрен, и втор концерт од неговата концертна серија „Музичка прошетка“ која започна лани.
Апелгрен со својот бенд, составен од најдобрите џез музичари во Македонија, пред публиката веќе се претстави со француски шансони испеани на француски јазик, што беше и почеток на едно музичко патување кое продолжува годинава преку „Звуците на Бразил.“ Овој пат, тој со својот баршунест, емотивен вокал, ќе ни го донесе богатството на бразилската музичка историја, музиката која најчесто буди асоцијација за Бразил – босановата, самбата и џезот, испеана на оригиналниот португалски јазик. Бразилската музика е всушност уникатен спој на европска хармонија и мелодија, африканските ритми и културата на Индијанците. Овој уникатен музичко-сценски концертен перформанс вклучува изведби на
композиции со типичен бразилски мелос, во нови оригинални аранжмани, напишани од младиот македонски џез пијанист, композитор и аранжер Гордан Спасовски кој во овој проект се јавува и во улога на бенд лидер и пијанист. Бидете и вие дел од оваа незаборавна музичка прошетка и уживајте во „Звуците на Бразил,“ на концертот кој според многумина ќе биде најважното културно случување оваа есен!

Tickets

Tickets shops

СКОПЈЕ

ЛитератураМК East Gate Mall
ЛитератураМК Skopje City Mall
ЛитератураМК Улица Македонија
ЛитератураМК ТЦ Буњаковец
Туристичка агенција ЈК Травел ТЦ Бисер
Бензиска пумпа Макпетрол Влае
Бензиска пумпа Макпетрол Козле
Бензиска пумпа Макпетрол Илинденска

ТЕТОВО

ТОБАКО МОНАКО – ул. Илинденска 176
ГРАНД ТОБАКО – Ул. 29 Ноември бр.107 лок бр.2

ГОСТИВАР

Тобако Вона Пет ул. Живко Брајковски 15

ОХРИД

Туристичкаа агенција Вис Пој Бул. Македонски Просветители бр.1

ПРИЛЕП

T.A. БРАН – Пере Тошев 75

БИТОЛА

ЛитератураМК Широк Сокак 40
TOBACCO BROTHERS – Широк Сокак

КУМАНОВО

Тобако Агора ТЦ Гарнизон T.Ц. Гарнизон

ВЕЛЕС

УНИСОН – Благој Ѓорев 9

РАДОВИШ

HALKIDIKI TRAVEL- Партизанска бр. 43

СТРУМИЦА

LITERATURA.MK – Благој Јанков Мучето бр. 4
ТА САФАРИ – ул. Благој Јанков Мучето бр. 2

ШТИП

City Point Tobacco 1 Кирил и Методиј бр. 20