ПичПрич – Цепки

Македонска Филхармонија, Скопје

20:00

13 May

ПичПрич – Цепки

Event details

Date (start) 13-05-2022
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

ПичПрич – Цепки

По повод 10 години ПРВО ПА ЖЕНСКО фестивал за феминистичка култура и акција, Тиииит! Инк. заедно со  иницијативата ПичПрич организира ALL STARS гала настан на тема „Цепки“. Настанот ќе се одржи на 13.05.2022 со почеток од 20 часот, во Филхармонија на Република Северна Македонија.

Свои интерпретации на темата ќе раскажат петмина локални раскажувачи кои со своите настапи веќе оставиле голем впечаток на публиката на ПичПрич – уметницата Јана Јакимовска, планинарката и уметница Илина Арсова, писателот Петар Андоновски, радио водителката Маја Казакова, како и режисерката Софија Ристевска. Како и на сите други гала настани на ПичПрич, настапува и една регионална раскажувачка, а тоа е хрватската книжевничка и активистка Мима Симиќ.

Во фокус на настаните на јубилејното издание на фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО оваа година е субверзивната моќ на хуморот, посебно имајќи го предвид традиционалното исклучување на женските гласови од полето на смешното и честото исмевање со „типично женските“ искуства. Темата „Цепки“ има за цел да понуди повеќе интерпретации на тоа што е смешно, а истовремено и да ја насмее публиката.

Настанот е поддржан од Шведска и фондацијата Kvinna till Kvinna.

Tickets