ФУЗИЈА

Македонска Филхармонија, Скопје

20:00

02 Nov

ФУЗИЈА

Event details

Date (start) 02-11-2022
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

ФУЗИЈА

Концерт на   ” ПРОФУНДИС”    И   “13 ГУДАЧИ “  заедно  со светски познатата

ИРИНА МУРЕЗАНУ- виолина (САД/РО)

По успешната турнеја во Италија и спектакуларниот концерт на ” Охридско Лето”, камерниот оркестар  “Профундис “ со нов, уникатен проект пред македонската публика.

ФУЗИЈА…фузија на два оркестри,на двајца диригенти,на два града…

Фузија на два врвни камерни оркестри од Македонија и Србија заедно со светски познатата виолинистка Ирина Мурезану  која за прв пат ќе настапи во Македонија.

На настапот во Скопје му претходи  претставувањето на концертот “Фузија” пред српската публика ,три дена претходно, во  една од најпрестижните сали на Балканот ,легендарната  сала “Коларац” во Белград.

На концертот ќе прозвучи исклучително уникатна програма. За прв пат пред македонската публика ќе се изведат комплексните и виртуозни дела од Б.Бритн-“ Варијации на тема од Френк Бриџ” и “Романска рапсодија” бр.1 од Ж.Енеску како и популарните “Четири годишни времиња” од А.Вивалди и А. Пјацола.

“ФУЗИЈА” – Уникатен и оригинален настан кој со сигурност ќе ги задоволи вашите високи уметнички критериуми.

ПРОГРАМА:

Бенџамин Бритн – “Варијации на тема од Френк Бриџ”

Антонио Вивалди – “Пролет” – за соло виолина и камерен оркестар

Астор Пјацола – “Зима” – за соло виолина и камерен оркестар

Жорж Енеску – “Романска рапсодија” бр.1 – за соло виолина и камерен оркестар

 Настапуваат:

ИРИНА МУРЕЗАНУ- виолина (САД)

Камерен оркестар ПРОФУНДИС( МК)

Диригент- Ѓурѓица Дашиќ

Камерен оркестар 13 ГУДАЧИ (РС)

Диригент- Срѓан Сретеновиќ

Tickets