КУБАНСКА МУЗИЧКА АВАНТУРА

Македонска Филхармонија, Скопје

20:30

14 Jun

КУБАНСКА МУЗИЧКА АВАНТУРА

Event details

Date (start) 14-06-2024
City Скопје
Time (start) 20:30

Event map

КУБАНСКА МУЗИЧКА АВАНТУРА

После успешните концерти изминативе неколку години („Француски шансони“ и „Звуците на Бразил“) каде најпознатиот македонски џез пејач Џон Илија Апелгрен ни се претстави со прекрасна музика од споменатите земји, а по ексклузивниот концерт одржан на 14 фебруар  „Хитовите на Френк Синатра“, каде настапи со Националниот џез оркестар, го најавуваме следното концертнто издание на овој македонски музички уметник со ново патување, овој пат во Куба. Ви нудиме прекрасна музичка посластица во големата сала на НУ Филхармонија на 14 јуни, со почеток во 20.30ч.

За време на концертот со име „Кубанска музичка авантура“, Апелгрен ќе интерпретира дел од богатото кубанско музичко миље, особено од стилот кубански болеро на автентичен, шпански јазик. Бендот е составен од најдобрите актуелни џез музичари во Македонија, а сцената ќе ја збогатат двете вокални солистки Марија Димитријевиќ и Калина Велковска, како специјални гостинки. Аранжманите за овој концерт ги изработи врвниот македонски џез пијанист и аранжер Гордан Спасовски. Концертот ќе биде вистинска посластица за љубителите на квалитетна музика. Сите концертни изданија на Апелгрен предизвикуваат огромен интерес, па затоа Ве покануваме да ги обезбедите Вашите влезници на време.

Tickets

  • Билет

    Buy tickets

    14-06-2024 Price: 800-1200ден.