PERPETUUM JAZZILE ВО СКОПЈЕ

Македонска Филхармонија, Скопје

20:00

05 Apr

PERPETUUM JAZZILE ВО СКОПЈЕ

Event details

Date (start) 05-04-2024
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

PERPETUUM JAZZILE ВО СКОПЈЕ

Светската музичка сензација “Perpetuum Jazzile” во Скопје

Еден од најголемите и најспектакуларни вокални состави во светот “Perpetuum Jazzile”  во рамките на својата Европска турнеја повторно ќе настапува во Македонија на 05.04.2024 година  во Македонска Филхармонија во Скопје

“Perpetuum Jazzile” е вокален оркестар од Словенија, посебно ценет од страна на светските музички критичари, кој својата интернационална популарност ja стекна со своите јаки ритмови, кои поседуваат богата хармонија, уникатна креативност, позитивна енергија и разноликост на музички жанрови, кои членовите ги создаваат само со своите гласови, пеејќи познати светски хитови од најразлични музички стилови, поп, рок, џез, госпел, блуз, боса нова, диско, фанк, етно….

Нивната музика користи посебен стил т.н. beatbox , кој вклучува импресивен сет на тапани, звуци и ритмови, кои се создаваат само со устата. Покрај импресивните вокални изведби, членовите на оркестарот користат раце, нозе и други делови на телото, како би креирале и интерпретирале секакви видови на звуци, како дожд, бура, слетување на авиони, потоци, извори, бранови и други природни појави.

Tickets

  • Билет

    Buy tickets

    05-04-2024 Price: 1900-3000ден.