Зарина Првасевда & ансамблот – „Ехо“

Македонска Филхармонија, Скопје

20:00

15 Apr

Зарина Првасевда & ансамблот – „Ехо“

Event details

Date (start) 15-04-2022
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

Зарина Првасевда & ансамблот – „Ехо“

На 15ти април во Македонската Филхармонија , ќе се случи долго очекуваниот и најавуван концерт на Зарина Првасевда каде таа ќе одржи свој солистички концерт-промоција на нејзиниот прв  официјален студиски албум, насловен како “ЕХО” кој во деновите што следат ќе излезе под етикетата на Croatia Records, која важи за најголема и најпродуктивна издавачка куќа на Балканот од ваков тип.

Истиот е склоп од 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови и уникатни аранжмани а отпејан на 5 јазика и тоа : Македонски, Албански, Турски, Српски и Бугарски.

Зарина ќе биде придружувана од нејзиниот ансамбл во состав : Филип Димишковски, Ратко Даутовски , Дејан Цветковски , Драган Теодосиев, Благојче Трајковски , Тони Арслан, Пенче Кралев, Филип Михајловски, Дејвид Демир .

Како специјални гости на нејзиниот концерт ќе настапат Васил Хаџиманов, Александар Петров и Перија, како и други нејзини пријатели и колеги.

Tickets