С.Ц. Борис Трајковски


Детали
бул.8-ми Септември б.б.
С.Ц. Борис Трајковски
При нејзиното пуштање во употреба била именувана по покојниот македонски претседател Борис Трајковски. Нејзиното свечено отворање било на 22 мај кога настапиле кошаркарските егзибионисти Харлем Глоубтротерс. Салата има капацитет од 6.000 гледачи со дополнителни 2.000 мобилни седишта за максимален капацитет од 8.000 места. Салата била домаќин на Европското првенство во ракомет за жени одржано во 2008. Таа е исто така дом на повеќе македонски национални репрезентации.
Спортскиот центар го променил своето име со потпишувањето на договорот со компанија „Оне.Вип“, кој ќе траел две години со можност за продолжување на уште две години.
Повеќенаменската сала “Борис Трајковски” е и најкомплексниот спортски објект што некогаш се изградил во Македонија. Во неа постојат две сали, една поголема која е и главна со максимален капацитет од 8.000 (за кошаркарски натпревари) и 10.000 за концерти и други културни манифестации, како и една помала со капацитет од 500 седишта која може да се користи за тренинзи и за помали натпревари. Комплексот располага со опрема и со реквизити за сите спортови што се играат во него, а е приспособен во него да се одржуваат и музички, културни и други манифестации. Мултифункционалноста на објектот се надополнува со изградбата на сауна, фитнес сала, кугларница, амбуланта и други. Во склоп на салата се наоѓаат и деловни простории во кои е сместено претпријатието што ја управува салата, а предвидени се и два ресторани и кафулиња, како и простори за продавници.