Таксират #27 06.12.2025

С.Ц. Борис Трајковски, Скопје

19:00

06 Dec

Таксират #27 06.12.2025

Event details

Date (start) 06-12-2025
City Скопје
Time (start) 19:00

Event map

Таксират #27 06.12.2025

Главната вечер на годинашниот ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ ќе се одржува на 6 декември во Скопје и со десетици артисти кои на повеќе бини во Арена „Борис Трајковски“ ни ја носат непоколебливата енергија што 27 години нѐ обединува во најголемиот indoor фестивал во Југоисточна Европа.

За само неколку дена ќе бидат откриени првите имиња кои ќе ја предводат програмата на финалната вечер, а до тогаш — моментот им припаѓа на најверните Таксиратлии:

Super Early Bird влезниците со најповолната цена од 1000 денари се достапни САМО ДО СРЕДА, до 14:00 часот!  РАСПРОДАДЕНО

Early Bird влезници по цена од 12о0 денари !!!

Вреди да си прв!
Преврти го Скопје наопаку.

Tickets

Artists list

EZHEL

EZHEL

Мултиталентираниот уметник EZHEL оваа година веќе го запиша Скопје меѓу рекордно распродадените концерти на светската турнеја за најновиот албум „Derdo“, а сега го исполнува ветувањето за армијата фанови кои на првиот концерт останаа без билет и се враќа со настап на Таксират Фестивал. Ezhel е еден од најреспектираните претставници на новата современа сцена од Турција, со уникатен спој на берлинскиот и анатолискиот градски стил. Неговото влијание премостува многу граници бидејќи креира специфична интернационална музичка култура околу турскиот хип-хоп, препознатлива дури и за тие кои не зборуваат турски.

LACUNA COIL

LACUNA COIL

Со десет албуми зад себе, над два милиони продадени плочи и бројни светски турнеи, италијанскиот бенд LACUNA COIL е синоним за мелодичниот готик-метал. Нивниот сега култен „Karmacode“ се искачи на Billboard топ листата за најдобри 200 албуми, а ги освоија и наградите Metal Female Voices Fest за најдобар албум, Metal Hammer за најдобар меѓународен бенд, Metal Hammer Golden Gods за најдобар бенд во живо. На ТАКСИРАТ ќе го претстават и новиот албум „Sleepless Empire“ со кој, како што оценува критиката, италијанските метал легенди ја усовршуваат својата величественост.