Таксират #20

Taksirat 2.0, , С.Ц. Борис Трајковски, Скопје

19:00

08 Dec

Таксират #20

Детали за настанот

Датум (старт) 08-12-2018
Фестивал Taksirat 2.0
Град Скопје
Почеток 19:00

Мапа на настанот

20 години ТАКСИРАТ, преврти го Скопје наопаку!

Датумот резервиран, 8-ми декември – Таксират е во Арена Борис Трајковски, а Арената во сосема поинакво издание за оваа вечер со врвна продукција за препознатливата атмосфера на Таксират, две сали, три фестивалски бини, Таксират селекција на значајни музички имиња и капацитет за 10.000 посетители.

20 години ТАКСИРАТ, преврти го Скопје наопаку!

Селектирајте 4 билети ( само на линкот 4+1 up ) по цена од 650 денари ,а по купувањето ќе добиете уште една гратис влезница заедно со останатите автоматски на Вашата e-mail адреса.

Билети

Листа на артисти

Pendulum DJ Set

Pendulum DJ SetАвстралија

Легендарниот австралиски drum’n’bass феномен PENDULUM кој стои зад химните на овој жанр како „Tarantula“, „Blood Sugar“ и многу други, пристигнува во Скопје! Pendulum на 8-ми декември во арена „Борис Трајковски“, ќе настапат со својот фуриозен диџеј-сет за конечно да и покажат и на македонската публика зошто во овој формат тие важат за неприкосновеното дуо во светот на drum’n’bass културата!

Dubioza Kolektiv

Dubioza KolektivБосна и Херцеговина

Јубилејната 20-ка не смее да помине без едни од најверните другари на #Таксират собрани во најпопуларниот балкански бенд, Дубиоза Колектив. Озлогласениот лидер во борбата за социјални промени и бендот од Балкан со најголем светски успех, на 8-ми декември се враќа во својот природен хабитат.

Mando Diao

Mando DiaoШведска

Шведската инди-рок група MANDO DIAO (Мандо Диао) конечно ќе гостува со концерт кај нас, а својот премиерен настап пред македонската публика бендот го потврди за оваа зима и тоа на јубилејниот 20-ти ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ во Скопје!

Therapy?

Therapy?Северна Ирска

Во листата изведувачи за главната вечер ни се придружува култниот алт-метал бенд од Северна Ирска кој речиси 30 години е во врвот на светската алтернативна сцена, а повод повеќе е нивниот неодамна објавен нов, 15-ти албум CLEAVE.

Nouvelle Vague

Nouvelle VagueФранција

Бендот кој во шармантен боса-нова манир ги редефинира најзначајните периоди од панк и рок историјата, повторно го носи во Скопје неодоливиот звук кој отвори поинаква димензија на новиот бран.

Rahzel + Total Eclipse & Precision

Rahzel + Total Eclipse & PrecisionСАД

Skopje, please welcome RAHZEL & the X-Ecutioners! Легендарниот и ненадминлив битбокс шампион Rahzel заедно со славниот скреч тандем Total Eclipse и Precision, ќе настапат на Денс Стејџ, втората бина на Таксират #20.

Smut

SmutМакедонија

Две години по концертот за 20 години постоење, гордоста и основоположниците на македонската метал-кор сцена се враќаат со full set performance на домашен терен, овој пат за јубилејна 20-ка на ТАКСИРАТ и уште еден успех како повод – новиот, одличен албум „ТИЕ СЕ НАСЕКАДЕ“!

SAF Sound System

SAF Sound SystemМакедонија

SAF Sound System за Funky Fresh вајб и жестока журка на Taksirat Festival #20!!!

Два грамофони, микрофон и денс стејџот на главната вечер се резервирани за две хип-хоп легенди DJ Гоце и Пикисипи на 8-ми декември во арена „Борис Трајковски“.

Trap Da Fuck Up

Trap Da Fuck UpМакедонија

За 4 часа журка, денс стејџот во арена „Борис Трајковски“ го препуштаме на #TDFU екипа! Bring the heat!

Културно Уметнички Работници

Културно Уметнички РаботнициМакедонија

На 8-ми декември, јубилејниот Taksirat Festival #20 ќе го отвориме со К.У.Р. - првиот бенд што засвирел на првиот Таксират!

Инаку, историскиот момент од 27.11.1999 го запишува и Филиповски Тошо во Македонската Рок Енциклопедија: „Културно Уметнички Работници се првиот бенд кој засвирел, т.е. бендот кој го отворил овој фестивал, а првата песна отсвирена на Таксират е песната Пеце“