Рамбо Амадеус @ Taksirat 2.0 (ВТОРО ШОУ)

Taksirat 2.0, , Младински Културен Центар, Скопје

20:30

04 Dec

Рамбо Амадеус @ Taksirat 2.0 (ВТОРО ШОУ)

Детали за настанот

Датум (старт) 04-12-2018
Фестивал Taksirat 2.0
Простор кино Фросина
Град Скопје
Почеток 20:30

Мапа на настанот

Вечер на гломазна поезија

„Вечер на гломазна поезија“ Рамбо Амадеус ја опишува како „единствена претстава која на лаконски, сликовит и непретенциозен начин го сецира општеството и поединецот кој се обидува да опстане во него и да го пронајде своето парче среќа“. Имено, тој со клавирската придружба на извонредниот Иван Алексијевиќ, ги чита, рецитира, прераскажува и модифицира „најгломазните“ текстови од својот голем опус, постојано восхитувајќи ја публиката со која воедно негува посебен однос во овој перформанс.

Со ова гостување, македонската публика ќе има прилика да ужива во театарско-сценската програма со трагикомична содржина, која претставува комбинација на неговата експресивна, метафорична, духовита и саркастична поезија, проза и филозофија, а со која тој веќе неколку години гостува ширум регионот и Европа, предизвикувајќи помешани чувства кај публиката која возвраќа со налети на смеа, скандирање, громогласни аплаузи, но и тага и загриженост.

Настанот ќе се одржи во Скопје како дел од официјалната програма на 20-тото издание на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ.

Билети