TANIA GIANNOULI TRIO / JAKOB BRO QUARTET
Национална Oпера и Балет, Скопје
20:00
21 Oct
Event details
Event map
TANIA GIANNOULI TRIO / JAKOB BRO QUARTET
TANIA GIANNOULI TRIO
Грчката пијанистка, композиторка и импровизаторка Тања Џанули го истражува џезот како најкреативна музичка форма, редовно користејќи импровизација во својата пракса. Инспирирана е од многу различни традиции и влијанија, а нејзината музика и интердисциплинарни проекти опфаќаат импресивен опсег на стилови – инвентивен и нелимитиран амалгам на денешната глобална реалност. Нејзиниот „отворен музички јазик“, што им пркоси на жанровите, често се опишува како лирски, инспиративен, комплексен, еклектичен, опоен и исклучително оригинален.
JAKOB BRO QUARTET feat. Mark Turner, Jorge Rossy and Thomas Morgan
Јакоб Бро е дански гитарист и композитор кој живее во Копенхаген. Тој во моментов го предводи квартетот со Марк Тарнер, Џои Барон и Томас Морган, квартетот со Пале Микелборг, Томас Морган и Хорхе Роси, како и триото со Џои Барон и Томас Морган. Во пролетта 2018 година го издаде високо оценетиот албум „Returnings” за ECM Records. Во октомври истата година излезе албумот „Bay Of Rainbows“, снимен со неговото трио во њујоршкиот клуб Jazz Standard. Бро, исто така, работи и со неговиот тентет, а соработува и со Томас Кнак (Opiate) и со Лари Гренадиер, Хорхе Роси и Арве Хенриксен. Јакоб Бро е поранешен член на Paul Motian & The Electric Bebop Band („Garden of Eden“, ECM – 2006) и на квинтетот на Томаж Станко („Dark Eyes“, EСМ – 2009).
Tickets
-
Билет
Buy tickets21-10-2021 Price: 600ден.