RADIAN + SVETLOST + ODRON RITUAL ORCHESTRA
Национална Oпера и Балет, Скопје
20:00
16 Oct
Event details
Event map
RADIAN + SVETLOST + ODRON RITUAL ORCHESTRA
RADIAN (Австрија)
Виена е денес ширум отворен креативен дом за голем број нови музички композитори и иноватори. Членовите на Radian се, без сомнение, столбови на оваа заедница. Во раните 2000-ти беа под влијание и ја обликуваа извонредно моќната и витална електронска сцена во градот. Нивната музика се опишува како поле на тензичност меѓу екстремните динамики, слободните импровизации и прецизните конструкции, како иманентен контраст меѓу меките и острите ноти.
Мартин Сиверт кој е во Radian од 2011, е гитарист со широк опсег на интереси. Членувал во бендови како Trapist, триото Fake the Facts (со Матс Густафсон и dieb 13) и квартетот The Peeled Eye. Тој во последно време се вклучува и во нови музички контексти, свирејќи покрај музичари како Ули Фусенегер (Камерниот оркестар Klangforum од Виена), Ернесто Молинари и пијанистката Катарина Клемент, меѓу другите. Мартин Бранделмајер (тапани/електроника) твори во сферата помеѓу импровизираната музика и композицијата. Има настапувано и снимано со Отомо Јошихиде, Џон Тилбури, Кристијан Фенез, Дејвид Силвијан и многу други. Од неодамна се фокусира на компонирањето и пишувањето музика за разни ансамбли. Џон Норман (бас) израснал во Гетеборг, Шведска, а живеел во Северна Италија, Глазгов (Шкотска) и Инсбрук (Австрија), пред да се пресели во Виена кон средината на деведесеттите. Претходно свирел бас во метал, панк и инди-рок бендови.
Џон Норман – бас
SVETLOST + ODRON RITUAL ORCHESTRA (С. Македонија)
Svetlost + Odron Ritual Orchestra е голем ансамбл оформен како продолжение на успешната авторска соработка на Кристијан Новковски, Дени Омерагиќ и Нинослав Спировски во триото Светлост. Замисленa како отворена платформа за соработка со музичари од различни профили, музиката на овој состав се менува во зависност од луѓето вклучени во конкретен проект – најчесто е информирана од стилски правци како слободен џез, пост-рок, електро-акустична музика, минимализам и амбиентална музика. Композициските рамки на Новковски / Омерагиќ / Спировски се плодно тло за звучна интеракција на ансамблот – каде што се замаглени границите на формалното и слободното. Во септември минатата година го издаваат своето деби LP „Odron Ritual Orchestra“ кој се најде на неколку релевантни листи за најдобри џез албуми во 2019 – вклучително и онаа на независната музичка платформа Bandcamp, како и во поширокиот избор на јавната радио мрежа на САД – National Public Radio.
Tickets
-
Билет
Buy tickets16-10-2020 Price: 600ден.