MATIJA DEDIĆ plays Arsen + TONI KITANOVSKI LITTLE BIG BAND

Национална Oпера и Балет, Скопје

20:00

15 Oct

MATIJA DEDIĆ plays Arsen + TONI KITANOVSKI LITTLE BIG BAND

Event details

Date (start) 15-10-2020
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

MATIJA DEDIĆ plays Arsen + TONI KITANOVSKI LITTLE BIG BAND

МАТИЈА ДЕДИЌ (Хрватска)

Роден 1973 година во Загреб, Матија Дедиќ е еден од најпознатите хрватски џез музичари од поновата генерација. Со оглед на тоа што израснал во семејство на врвни музичари, пејачката Габи Новак и кантавторот Арсен Дедиќ, од мал бил изложен на различни музички влијанија. Клавир започнал да свири на пет годишна возраст, а по завршувањето на средното музичко училиште школувањето го продолжил на Џез одделот на Музичката академија во Грац, Австрија.
По враќањето во Загреб 1997 година, често настапувал афирмирајќи се како пијанист во земјата и во странство. Свирел со составите на Тамара Обровац и Ладислав Фидриј, како гостин во Zagreb Jazz Portrait, а од основањето бил член на познатиот Boilers Quartet, со кој имал заедничка турнеја со Benny Golson/Kenny Burrell All Stars Band. Паралелно водел свои состави, формирајќи го во 1988 година првото трио, со контрабасистот Жига Голоб и тапанарот Круно Левачиќ.
Соработувал и со Бошко Петровиќ, триото Black Coffee, Џани Басо, Томи Емануел.Освен за своите состави, компонира музика за филм и за театар. Добитник е на Наградата на Хрватскиот сојуз на композитори за најдобар џез автор, повеќекратен освојувач на признанието „Статус“ за најдобар џез пијанист. Негов последен албум е „Influences“ објавен 2019 година, а на Скопскиот џез фестивал доаѓа со албумот „Матија го свири Арсен“, за кој во 2016 година доби шест награди „Порин“.

TONI KITANOVSKI LITTLE BIG BAND (С. Македонија)

Музиката на композиторот и гитарист Тони Китановски е толку шаренолика, колку што е светот околу него. Неговиот интерес и истражувањата повеќе се насочени кон заедничкото за различните видови музика на човештвото, отколку кон она што ги раздвојува различните музички култури. Тој се материјализира во неговата способност беспрекорно да ги вкрстува звуците на антиката со современите тенденции, со музиката на Југот, Истокот и Западот, со балканскиот звук на дувачките оркестри и со Дјук Елингтон. Претходните инкарнаци на овој оркестар ги вклучуваа, како гости, меѓу другите, покојниот Чарли Маријано присутен во повеќето проекти на великанот Чарли Мингус, трубачот Грег Хопкинс, саксофонистот Дејв Вилсон, ди-џеј Димитри од Чаир и една огромна листа на соработници, внимателно одбрани поради нивната способност да си го кажат своето на еден уникатен музички начин. Најуспешниот и најпрепознатлив оркестрален ентитет под негово водство е „Тони Китановски и Черкези Оркестар“. Долгогодишната соработка со овој ромски дувачки оркестар одекнува и во неговото творештво на филмска музика, во музиката компонирана за современ танц, соработките со гитаристот Ерик Малу Малу од Конго, босанскиот поет Ахмед Буриќ, а ќе биде неизбежен дел и од сложената звучна понуда на неговиот концерт на годинешниов Скопски џез фестивал, со гостинот Асан Рашид со кој Китановски има намера да ја круниса оваа приказна.

Tickets