ART ENSEMBLE OF CHICAGO / JON BALKE BATAGRAF

Национална Oпера и Балет, Скопје

20:00

19 Oct

ART ENSEMBLE OF CHICAGO / JON BALKE BATAGRAF

Event details

Date (start) 19-10-2019
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

ART ENSEMBLE OF CHICAGO / JON BALKE BATAGRAF

ROSCOE MITCHELL алт саксофон, сопран саксофон, сопранино саксофон и флејта

DON MOYE тапани, конга и бонго тапани

HUGH RAGIN труба, флигел хорна и пиколо труба

TOMEKA REID виолончело

BRETT CARSON пијано

SILVIA BOLOGNESI контрабас

JUNIUS PAUL контрабас и предмети

DUDU KOUATÉ африкански перкусии

Само неколку музички појави можат се споредуваат со Art Ensemble of Chicago кога е во прашање нивната влијателност, мајсторство и долговечност. Овој исклучителен колектив произлезе од музичката визија, истражувањата и авантуристичките соработки на основачот Роско Мичел и долго време служеше како заштитен знак и главен адут на Здружението за унапредување на креативни музичари AACM (Association for the Advancement of Creative Musicians), извонредно значајна и влијателна организација од Чикаго, заслужна за развојот на кариерите на своите членови: Мухал Ричард Абрамс, Ентони Брекстон, Хенри Тредгил, Вадада Лео Смит и многу други. Групата ја промени историјата на музиката и музичките настапи засекогаш, поместувајќи ги границите на џезот, експерименталната музика и изведувачката уметност, создавајќи свој посебен универзум, сопствено творечко кралство. За оригиналните концертни настапи на AEOC придонесуваа и уникатните звуци и инструменти. Покрај стандардните саксофони, флејти, труби, контрабас и тапани, групата користеше свирчиња, тропалки, ѕвончиња, гонгови, како и разновидни своерачно направени и импровизирани звучни предмети. Легендарните живи настапи на AEOC се спој од музика, театар, поезија и танц, своевиден аудио-визуелен спектакл што ги прави една од највлијателните групи на 20-от век. Предводен од саксофонистот, флејтистот и овогодинешниот NEA Jazz Master Роско Мичел и тапанарот и перкусионистот Фамуду Дон Моје, како копилот, бендот одбележува 50 години од своето постоење, одавајќи им, во исто време, почит на своите заминати членови: Лестер Боуви, Малакај Фејворс и Џозеф Џарман.

 

JON BALKE перкусии и клавијатура

EMILIE STOESEN CHRISTENSEN вокал

GIORGIO LI CALZI труба

HELGE NORBAKKEN перкусии

SNORRE BJERCK перкусии

Врската на норвешкиот пијанист, клавијатурист, композитор, аранжер и перкусионист Jон Балке со дискографската куќа ECM датира уште од тинејџерско доба, кога се приклучува кон бендот на Арилд Андерсен за снимање на неговиот албум “Clouds In My Head” (1975, ECM). Подоцна, заедно со Андерсен и Јон Кристенсен, ја формира групата Masqualero. Учествува како водач / композитор / аранжер / клавијатурист во проектите Oslo 13, Magnetic North Orchestra и Siwan, а како соло пијанист во проектот Book of Velocities – низа афористични дела во манирот на Куртаг и Лигети. Автор е на обемни композициски дела за голем број најразлични ансамбли и проекти како балетски и театарски претстави, симфониски оркестри, пејачи и џез-ансамбли. Во неговата музичка биографија се запишани соработките со пејачки како Радка Тонеф, Сидсел Ендресен, Ане Ли Дрекер, Карин Крог и ТринеЛисе Варинг, како и живи и студиски сесии со музичари од типот на Арчи Шеп, Џон Сурман, Аирто Мореира/Флора Пурим, Мајкл Урбаниак, Енрико Рава, Џорџ Расел, Паоло Фресу, Нгујен Ле, Мерилин Мазур и др. Склоноста на Балке кон перкусивните инструменти, олицетворена во групата Batagraf, што ја формираше заедно со Хелге Андреас Норбакен и Сноре Бjерк, како своевиден „перкусивен тинк-тенк“ и „форум на идеи“, датира од периодот на неговата десетгодишна соработка со западноафрикански музичари во бендот E’Olen, во периодот меѓу 1978-1988 година.

Tickets