CANNIBAL CORPSE

Младински Културен Центар, Скопје

19:00

18 Jun

CANNIBAL CORPSE

Event details

Date (start) 18-06-2019
City Скопје
Time (start) 19:00

Event map

CANNIBAL CORPSE

За секој од поголемите светски бендови секогаш може да се напише дека во нешто се пионери, дека се најдобри и најголеми и да им се залепат уште многу епитети. Меѓутоа ретки се бендовите за кои тоа вистински важи.
Cannibal ‘fucking’ Corpse се бенд од првата петорка на американската death metal школа од крајот на 80тите и почетокот на 90тите години, Бенд кој буквално измисли свој правец, кој никогаш не застрани и кој инспирираше и сеуште инспирира нови генерации од целиот свет да свират Cannibal рифови.
Предводени од виртуозот на бас гитара Alex Webster, машината за рифови Rob Barret и буквално вистинскиот звер на микрофон George ‘Corpsegrinder’ Fisher, Cannibal Corpse повеќе од 30 години се неприкосновени во металскиот свет.
Со 14 студиски албуми позади себе и десетици други изданија, секако важат за еден од најкреативните бендови на глобусов 🙂 и буквално секој обид да се издвои некој албум или песна како хит би бил залуден.
Red Before Black е нивниот последен опус кој летово ќе го презентираат низ Европа, и конечно за прв пат ќе свират и кај нас.
На 18ти јуни во Скопје, во МКЦ испишуваме нова страница во македонската метал историја!
Првите 100 карти ке бидат по промотивна цена од 800денари.
После тоа е стандардна цена од 1000ка, а на денот на концертот ке биде 1200денари.
Карти ке има на билетарницата на МКЦ и на bileti.mkc.mk и во мрежата на mktickets.mk
Инфо за предгрупи наскоро!
Сакаме да ви се заблагодариме за поддршката која ни ја давате со години наназад, и се надеваме дека во иднина само уште повеќе ќе се гледаме на свирки.
Keep supporting the underground spirit!
Метал будењето продолжува!!!
Со почит Terrorvoid Promotions

Tickets

  • Стандарден билет

    Buy tickets

    Партер, 18-06-2019 Price: 1000ден.

Tickets shops

all