Честo поставувани прашања
1. Доколку купам билети online, дали имам гаранција дека ќе можам да ги подигнам картите од билетара пред почетокот на настанот?
Почитувани, по купување на билетите online, на Вашата e-mail адреса ќе добиете документ кој треба да го испечатите. Со приложување на тој документ ќе може да ги подигнете Вашите карти од билетара.
2. Ме интересира дали картата ќе ми биде доставена на домашна адреса или ќе треба да ја подигнам на влез?
Почитувани, моментално не вршиме достава на билети. За одредени настани потребно е на влез да го приложите отпечатен документот кој сте го добиле на e-mail, додека за други настани, со приложување на истиот отпечатен документ ќе може да ги подигнете билетите од билетара. На Вашата e-mail адреса добивате информација која од претходните две опции ќе ја користите.
3. Ме интересира дали е потребно да креирам свој профил за да можам да купувам билети од Вашиот сајт?
Почитувани, доколку сакате да купувате билети преку karti.com.mk не Ви е потребен профил. Единствено што треба да направите е да го изберете настанот за кој сакате да купите билет, да ги селектирате саканите седишта и да го изберете копчето купи
4. Купив карта, ми прикажа “вашата трансакција е успешна”, но не ги добив ваучерите на меил. Што да правам?
Најпрво проверете дали меилот Ви пристигнал во Spam или Junk. Доколку нема пристигнато меил, Ве молиме да нè контактирате на info@karti.com.mk. Во меилот потребно е да наведете информации за кој настан се работи, колку карти имате купено, на чие име гласат истите и меилот кој го имате внесено при пополнување на потребните информации за купување. Во најкраток можен рок ќе ви одговориме на вашето барање.
5. Дали е потребно да го заменам ваучерот за реална карта и кога би можел/а да ја заменам?
Потребата за замена на ваучерот зависи од самиот настан односно од организаторите на настанот. Дали е потребно да се замени ваучерот пишува во горниот лев агол на самиот ваучер. Доколку има промени, ќе бидете дополнително известени на меил.
6. Доколку купам карта на мое име, но јас нема да присуствувам на настанот. Дали некој друг може да ја подигне картата во мое име и како?
Доколку имате купено карта за настан на кој Вие нема да присуствувате, потребно е лицето кое ќе присуствува на настанот да има ваша лична карта или пак копија од ваша лична карта која ќе ја приложи на влез на настанот.
7. Како и кога можам да го заменам ваучерот за реална карта?
Доколку е потребно замена на ваучерот со реална карта (или алка), најчесто тоа се прави на денот на настанот на билетарницата каде се одржува истиот. Доколку има било какви измени навремено ќе бидете известени преку меил.
8. Дали можам да ја резервирам картата?
Почитувани, резервирање на картата не е возможно.
9. Колку долго картата може да ми стои во кошничка без да ја купам? Што да направам доколку помине предвиденото време?
Почитувани, картите можат да стојат во вашата кошничка 15 минути, доколку овој период измине, потребно е да ја испразните кошничката и да го почнете целиот процес одново.
10. Сакам да купам карта, но по пополнувањето на полињата не ми дозволува да преминам на следниот чекор. Кои се причините и како да го решам овој проблем?
Почитувани, ова најчесто се случува бидејќи не биле внесени информации во сите задолжителни полиња или пак доколку не се штиклирани полињата што се наоѓаат најдолу во делот “ПОТВРДИ”. Ова се однесува на полињата: “Го прочитав и се согласувам со Правилникот за приватност.” и “Ги прегледав информациите на оваа страница и ја потврдувам нивната точност.” Означени со ѕвездичка. Исто така, возможно е системот да не ви дозволува да преминете на следниот чекор бидејќи кодот за верификација не бил правилно внесен. Ве молиме проверете ги овие работи и продолжете понатаму, доколку сè уште имате потешкотии Ве молиме да не контактирате на info@karti.com.mk .
11. Доколку не успеам да присуствувам на настанот, а веќе имам купено ваучери дали е возможно да ми се рефундираат средствата?
Почитувани, не е возможно средствата да бидат рефундирани доколку не сте се појавиле на настанот, а претходно сте купиле карти онлајн или преку нашата продажна мрежа.
12. Дали купувањето карти онлајн преку karti.com.mk е безбедно? Дали внесените информации од картичката се безбедни и дали можам да бидам сигурен дека нема да бидат злоупотребени?
Да, купувањето преку karti.com.mk е безбедно. Бројот од вашата кредитна картичка е пренесен преку SSL директно до безбеден електронски свод. Во ниедно време бројот на вашата кредитна картичка не е зачуван на нашиот сервер. Транскациите се процесираат преку процесинг системот на Casys и во ниеден момент karti.com.mk нема пристап до информациите од вашата картичка.
13. Дали ми се наплатува веднаш штом го купам ваучерот?
Почитувани, ваучерот се наплаќа веднаш штом трансакцијата е успешно извршена.
14. Доколку од некоја причина не можам да присуствувам на настанот, дали можам да го вратам ваучерот?
Почитувани, враќање на веќе купениот ваучер не е возможно.
15. Како да знам дека успешно сум купил карта?
Почитувани, пред сè во по успешно извршената трансакција, Casys системот ќе ви извести дека вашата трансакција е успешно направена. Потоа на вашата меил адреса ќе ви пристигне меил со детали за вашата карта и прикачен ваучер во форма на ПДФ документ кој се користи за замена на картата.
16. Дали ми е потребен профил за да купам карта?
Почитувани, не ви е потребен профил на нашата страна за да купите карта.
17. Ги внесов сите податоци и ништо не се случи дали ќе ми биде наплатено?
Почитувани, по внесувањето на информациите од картичката, Casys системот ќе ве извести дали Вашата трансакција е успешна.
18. Со кои картички можам да купам?
Почитувани, за купување на онлајн карти можете да користите Виза картичка, Мастер картичка, Маестро картичка и Дајнерс картичкa.
19. Кои податоци од картичката треба да ги дадам?
Почитувани, потребно е да се внесат следниве информации: Број на картичката, име и презиме на корисникот на картичката, тип на картичката и CVV2/CVC2 кој се наоѓа на задната страна на картичката.
20. Пробувам да купам карта, но ми се појавува порака “Плаќањето не е успешнo”, што понатаму?
Почитувани, Ве молиме проверете дали информациите од картичката се правилно внесени, дали датумот на картичката е се уште валиден и дали имате доволно парични средства на вашата сметка.
21. Дали може картата да ми стигне на домашна адреса?
Почитувани, моментално не вршиме достава на домашна адреса.
22.Кој ги гледа личните информации оставени на сајтот?
Вашите лични информации се достапни единствено за тимот на професионалци кој работи на сајтот. Вработените во karti.com.mk се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци. Овие информации се користат за потребите на karti.com.mk, истите грижливо се чуваат од губење, уништување, фалсификување и неовластен пристап.