НУЦК „Григор Прличев“

НУЦК „Григор Прличев“

Детали

Address

Македонски просветители бр.4, П.Ф. 94,
6000 Охрид, Република Македонија

City Охрид
Phone 046 / 261-063

НУЦК „Григор Прличев“

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА
ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” – ОХРИД

 

Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид како организатор и незаобиколен фактор на културниот живот во Охрид и во неговата околина успешно развива бројни културни содржини што ги анимира граѓаните и особено младата генерација.

Формиран уште во далечната 1958 година како Дом на културата, институција за развој и унапредување на културно-уметничката и забавната дејност во Охрид, половина век претставува значаен витален Центар на бројни подвижни културни облици што чинат културно единство – мозаик од културни настани. Повеќето од културните облици опстојуваат напоредно во времето во кое опстојува установата, а многу од нив во дослух со современите потреби се подложуваа на промени и кога тоа ќе го побараше актуелноста на духот на просторот, отстапуваа пред нови што постојано надојдуваа, надополнуваа стари или продолжуваа како нови облици.

Дејноста на оваа културна установа е програмски и функционално поттикнување и развој на културата, двигател на културниот израз на севкупната популација во регионот, особено на творештвото на децата и младината,  објавување на културно-уметнички дела, како и вршење на други дејности од областа на културата согласно со закон.

Во Центарот за култура работи Народен Театар Охрид, формиран со Одлука на Влада на Р. Македонија во 2011 година.

All events at НУЦК „Григор Прличев“