НУЦК „Григор Прличев“
Детали
Македонски просветители бр.4, П.Ф. 94,
6000 Охрид, Република Македонија
НУЦК „Григор Прличев“
НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА
ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” – ОХРИД
Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид како организатор и незаобиколен фактор на културниот живот во Охрид и во неговата околина успешно развива бројни културни содржини што ги анимира граѓаните и особено младата генерација.
Формиран уште во далечната 1958 година како Дом на културата, институција за развој и унапредување на културно-уметничката и забавната дејност во Охрид, половина век претставува значаен витален Центар на бројни подвижни културни облици што чинат културно единство – мозаик од културни настани. Повеќето од културните облици опстојуваат напоредно во времето во кое опстојува установата, а многу од нив во дослух со современите потреби се подложуваа на промени и кога тоа ќе го побараше актуелноста на духот на просторот, отстапуваа пред нови што постојано надојдуваа, надополнуваа стари или продолжуваа како нови облици.
Дејноста на оваа културна установа е програмски и функционално поттикнување и развој на културата, двигател на културниот израз на севкупната популација во регионот, особено на творештвото на децата и младината, објавување на културно-уметнички дела, како и вршење на други дејности од областа на културата согласно со закон.
Во Центарот за култура работи Народен Театар Охрид, формиран со Одлука на Влада на Р. Македонија во 2011 година.