„КАРМИНА БУРАНА“ – Карл Орф
Национална Oпера и Балет, Скопје
20:00
16 Oct
Event details
Event map
„КАРМИНА БУРАНА“ – Карл Орф
„КАРМИНА БУРАНА“
Карл Орф
16.10.2024 – 20ч.
Диригент Иван Еминовиќ
Концерт – мајстор:
Хор мајстори: Јасмина Ѓорѓевска/ Ѓургица Дашиќ
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов и Јордан Петрушевски
Солисти на опера:
Сопран: Надe Талевска
Баритон : Благој Нацоски
Контра тенор: Денис Димоски
Настапуваат: Хорот и оркестарот на Националната опера и балет
Инспициенти: Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлер: Невена Георгиева
ШТО Е „КАРМИНА БУРАНА“ Наједноставно кажано, тоа е вечното актуелно прашање на
животната радост, слободата и страста за која пееат уште патувачките студенти и
клериците. Истоимениот ракопис од 13 век пронајден 1803 г. во баварскиот манастир
Бенедиктбевер беше Орфова инспирација: конечно дваесетина текстови стануваат и
конкретен текстуален предлог за ова музичко остварување. Композиторот ни овде не
смета на потполно, логично разбирање, на различните јазици: барајќи ги корените на
врската што постојат помеѓу митот, музиката и јазикот, разбирањето го нуди во спрега на
сите елементи и неизбежното физичко движење – ритамот. „Што е појасна и
поедноставна пораката- уште посилен е и подиректен крајниот ефект“. Тој водечки
принцип на Орфовото уметничко уверување, силината на неговиот звук и ритамот,
произлегуваат уште од експерименталната Гинтерова школа за гимнастика, музика и игра
чии што соосновач бил и Орф во Минхен 1924г. Светот на „Кармина Бурана“ е саканиот
свет што го остваруваат најспремните. Таму каде што Фортуната- Среќата владее со
светот, а сонцето и богот на љубовта имаат власт над сите, трае силна , незапирлива
радост. Орфовата музика и неговата визија за театарската волшебност стануваат дел од
екстазата на стариот грчки театар: низ неа се обновуваат мистериите, ритуалните
свечености, латинската комедија но и фолклорниот театар од тоа поднебје. Кармина
Бурана веќе со години го привлекува вниманието на режисери и кореографи од целиот
свет поради привлечноста на синкретизмот кој зрачи како неисцрпен извор на можности
за нови идеи и инспирации.
Tickets
-
Билет
Buy tickets16-10-2024 Price: 600-800ден.