When in Krushevo 10 days Adventure

Крушево,

01 - 10 Aug

When in Krushevo 10 days Adventure

Детали за настанот

Датум (старт) 01-08-2020
Датум (крај) 10-08-2020
Локација Крушево
Град
Почеток

Мапа на настанот

When in Krushevo 10 days Adventure

Драги пријатели на Крушево и вљубеници во природата,

Авантурите со When in Krusevo outdoor фестивал не изостануваат и оваа година!

Земајќи ги во предвид сите безбедносни мерки и препораки, како одговор на Covid-19, другарите од Outdoor Manifest оваа година го организираат фестивалот во поинаков, но не и помалку возбудлив концепт!

When in Krusevo оваа година ќе се одржи по четврт пат во периодот од 01 – 10 август 2020. Во рамки на фестивалот и оваа година се вклучени многу спортски и outdoor активности и поволности: адреналински параглајдинг погледи, незаборавни јавања низ крушевската природа, МТВ и планинарски тури низ прекрасните крушевски предели, трчање, кајак, SUP, качување на вештачка карпа и други настани.

Десетдневната карта изнесува само 400 денари. Со истата добивате уникатна фестивалска маичка, подароци од партнерите и поддржувачите на фестивалот, како и бројни поволности и попусти.

Сите детали ги имате на официјалната веб страна http://wheninkrusevo.mk и Facebook настан: www.facebook.com/events/2718385838280375.

Ве покануваме на оригиналниот outdoor фестивал When in Krusevo на 100% чист воздух, ѕвездени ноќи, свежи утра и многу авантури за време на вашиот престој во славното Крушево.

Билети