ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ #24

С.Ц. Борис Трајковски, Скопје

19:30

07 Dec

ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ #24

Event details

Date (start) 07-12-2022
City Скопје
Time (start) 19:30

Event map

ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ #24

Ситуацијата излезе надвор од контрола, ние сме…

На 24-то издание на ТАКСИРАТ фестивал, главна вечер во Арена Борис Трајковски – Скопје, 7 декември 2022!

 

Скопје: ЛитератураМК – City Mall, ЛитератураМК – East Gate, ЛитератураМК – Веро Центар, Литература – ТЦ Буњаковец, ЛитератураМК  – ул. Македонија, Југотон ГТЦ 1, ЈК Травел – ТЦ Бисер
Велес: Унисон
Прилеп: ТА Бран
Куманово: Тобако Агора
Тетово: Тобако Монако, Гранд Тобако
Гостивар: Тобако Вона 5, Тобако БнБ
Охрид: ТА Вис Пој
Битола: ЛитерараМК, Tobacco Brothers
Струмица: ЛитератураМК , ТА Сафари
Радовиш: ТА Халкидики

Tickets

Artists list

SODOM

SODOMГерманија

Бендот кој 40 години неприкосновено владее со жестокиот звук како суверен носител на титулата еден од најценетите треш метал бендови на стариот континент. Вкоренет во најдлабокиот андерграунд и со ниту чекор отстапување од своите почетни принципи.
SODOM одбележува јубилеј со ново издание „40 YEARS AT WAR - THE GREATEST HELL OF SODOM“ и со турнеја во чии рамки пристигнува и кај нас!

La Pegatina

La PegatinaШпанија

Каталонците La Pegatina се враќаат на ТАКСИРАТ со нивното ново шоу „Hacia otra parte“!
Нов сценски спектакл со повеќе енергија од кога било и достоен за френетичната забава што ја инспирира нивната музика. Невозможно е да не се разиграте. Со повеќе од 1200 концерти во над 35 земји, тие се еден од најинтернационалните бендови во светот, а велат дека тоа е така баш затоа што знаат како да ве натераат да танцувате.

Buč Kesidi

Buč KesidiСрбија

Леворакиот диско/поп-рок/електро бој-бенд, Buč Kesidi, е најпопуларното име на новата регионална сцена, со милиони на нивните YouTube видеа и секогаш рекордно распродадени концерти. А кога се концертите во прашање, синоним за овој талентиран тандем се енергичните настапи со одлична сценографија за вистинска и неверојатно добра диско/рокенрол журка.Токму тоа се очекува на Таксират.

IAMDDB

IAMDDBВелика Британија

Водечката уметница на британската хип-хоп ренесанса, IAMDDB настапува на ТАКСИРАТ!
Diana De Brito ака IAMDDB ја преточи својата генијалност во глобална популарност, враќајќи ја женската моќ со свеж звук на музичката сцена. Комбинирајќи безвременски џез и соул со модерен трап и р’н’б, созададе сопствен стил кој го нарече урбан џез и важи за најкреативните уметници на новата сцена од британскиот остров

Зад Аголот

Зад АголотМакедонија

Незаменливи кога е во прашање македонскиот андерграунд хип хоп, Зад Аголот ги има поставено своите корени и на регионалната сцена уште од нивното деби во 2012 со многубројни награди, албуми, концертни тури и препознатливи проекти. Редовно ги поместува границите на перфекција со секој свој live настап и несомнено ќе го покаже најдоброто од македонскиот рап на Таксират!

Ben Klock

Ben KlockГерманија

Најголемиот симбол на берлинскиот техно храм Berghain, име кое повеќе од деценија е меѓу најдобрите и најбараните диџеи/продуценти во светот и несомнено еден од најзначајните ликови на модерната електронска музичка сцена. Апсолутно уникатен и врвен светски артист ни пристигнува на главната вечер за затворање на Фестивалот!

FLOODER

FLOODERМакедонија

Неговото име е доволно присутно на локалната сцена за да ве асоцира на неговиот посебен стил
на презентирање на музика.

Ниту неговиот стил ниту пак неговата музика имаат тендеција да се повторуваат, следствено на
ова Флудер секогаш е во потрага по нешто ново и возбудливо кое е наменето за доброто
расположение на публиката.

Во текот на неговата работа како диџеј има можност да ја сподели диџеј кабината со следните
артисти како што се: Carl Cox, Richie Hawtin, Nina Kravitz, Solomun, Peggy Gou, Charlotte De Vite,
Kittin, Moodymann, Ben Klock, Umek, Deetron, Valentino Kanzyani, Matthew Johnson, AME, Lehar,
Franky & Sandrino, Musumeci, HEIDI, Martin Buttrich, Robert Dietz, Dan Curtin, Steve Rachmad,
Christian Smith, John Selway, и др.

Ba$ha

Ba$haСрбија

Ba$ha е младата сензација од српската музичка сцена која го маѓепса регионот со своите
песни „mesec“ и „DISKO“. На Таксират тој ќе ни ја престстави трап музиката во друго светло,
со мелодии кои нема да ве остават рамнодушни.

Hiljson Mandela

Hiljson MandelaХрватска

На нашите простори добро познат како дел од хип-хоп групата KUKU$ KLAN, Иван Хиља под
уметничкото име Hiljson Mandela својата соло приказна ја започнува во 2020 година. Следејќи
ги неговите сингл песни, оваа година тој го објави својот деби албум „Mandela Effect“ кој ќе
имаме шанса да го слушнеме во живо на Таксират.

Prince$$ Donatsu

Prince$$ DonatsuМакедонија

Принцезата на домашната трап сцена, Prince$$ Donatsu е вокал со кој се запознавме во 2019
преку нејзината песна „Битола“. Таа оттогаш продолжува со своето присуство на музичката
сцена, истовремено користејќи го тој момент да биде гласник на себе-изразувањето и
феминизмот.

Donplaya

DonplayaМакедонија

Дел од MVRSVR продукција, Donplaya е лик кој е неизбежен на домашната и
регионалната трап сцена. Од своите почетоци станува препознатлив по своите песни
„Donplejada“, „Nogu K**** Musli Jadat“, па сѐ до бројните соработки од кои се истакнува
синглот „Slav Life“ заедно со KUKU$, кој до ден денес е хит – остварувања со кои тој веќе
го има запечатено своето место на македонската музичка сцена.

Young Dadi

Young DadiМакедонија

Young Dadi дел од тимот на Sure Shotz е млад уметник секогаш спремен за експериментирање и
создавање музика надвор од својата комфорна зона. Со својата хит-песна „5 до 2“ тој во моментов
е најпопуларниот музичар на македонската трап сцена, познат по својот уникатен стил кој зема
инспирации од различни жанрови.

Tickets shops

СКОПЈЕ

ЛитератураМК East Gate Mall
ЛитератураМК Skopje City Mall
ЛитератураМК Улица Македонија
ЛитератураМК ТЦ Буњаковец
Туристичка агенција ЈК Травел ТЦ Бисер
Бензиска пумпа Макпетрол Влае
Бензиска пумпа Макпетрол Козле
Бензиска пумпа Макпетрол Илинденска

ТЕТОВО

ТОБАКО МОНАКО – ул. Илинденска 176
ГРАНД ТОБАКО – Ул. 29 Ноември бр.107 лок бр.2

ГОСТИВАР

Тобако Вона Пет ул. Живко Брајковски 15

ОХРИД

Туристичкаа агенција Вис Пој Бул. Македонски Просветители бр.1

ПРИЛЕП

T.A. БРАН – Пере Тошев 75

БИТОЛА

ЛитератураМК Широк Сокак 40
TOBACCO BROTHERS – Широк Сокак

КУМАНОВО

Тобако Агора ТЦ Гарнизон T.Ц. Гарнизон

ВЕЛЕС

УНИСОН – Благој Ѓорев 9

РАДОВИШ

HALKIDIKI TRAVEL- Партизанска бр. 43

СТРУМИЦА

LITERATURA.MK – Благој Јанков Мучето бр. 4
ТА САФАРИ – ул. Благој Јанков Мучето бр. 2

ШТИП

City Point Tobacco 1 Кирил и Методиј бр. 20