SOULFLY

МКЦ-ЛЕТНА СЦЕНА, Скопје

21:00

05 Aug

SOULFLY

Детали за настанот

Датум (старт) 05-08-2019
Локација МКЦ-ЛЕТНА СЦЕНА
Град Скопје
Почеток 21:00

Мапа на настанот

Soulfly во Скопје • Таксират #21

Soulfly, култната бразилско-американска метал четворка предводена од неуништивиот Max Cavalera, доаѓа во Скопје во рамки на актуелниот циклус од турнејата за новиот студиски албум RITUAL, објавен лани во октомври.

Повеќе од две децении, SOULFLY ревносно го продолжуваат својот култен статус со секој последователен албум и турнеја. Во таа смисла и нивното најново, 11-то по ред долгоносечко издание „Ritual“ го остварува ветувањето на легендарното име и ја живее метал церемонијата од највисок поредок со пеколни рифови, громовити перкусии и застрашувачки гролови.

Во понеделник (3-ти јуни) ќе бидат пуштени првите 100 билети со супер-промотивна цена од 700 денари, а кои ќе се продаваат во продажната мрежа на MkTickets. По нивното распродавање, цената на билетите во претпродажба ќе биде 850 денари, додека нивната финална цена ќе биде 1.000 денари.

Билети

Листа на артисти

SOULFLY

SOULFLYUSA

Max Cavalera (вокал, гитара), Marc Rizzo (гитара), Mike Leon (бас, вокал) и Zyon Cavalera (тапани): SOULFLY се враќаат во земјава по речиси 15 години од нивното последно гостување кое резултираше со легендарен, неверојатно моќен концертен настап. НА 5-ти АВГУСТ ВО МКЦ - преврти го Скопје наопаку! \m/

Продажни места

SOULFLY