ROBERTO FONSECA TRIO
Национална Oпера и Балет, Скопје
20:00
24 Oct
Event details
Event map
ROBERTO FONSECA TRIO
Roberto Fonseca – пијано, клавијатури, вокал
Yandy Martinez – контрабас, електричен бас
Ruly Herrera – тапани
Роберто Фонсека е кубански пијанист, пејач, мултиинструменталист, композитор, продуцент и водач на состав. Роден 1975 година во Хавана, тој има снимено девет соло албуми, работено во повеќе жанрови, номиниран за Греми, а свирејќи ја својата музика во живо го има обиколено светот неколку пати. На тој свој пат ја постигнал и целта што си ја поставил пред себе уште од почетокот на својата професионална кариера, во раните 1990-ти: „Каде и да се наоѓаат, луѓето што ќе ја слушнат мојата музика би сакал да речат: Е, ова е Роберто Фонсека!“ Како син на татко тапанар и мајка танчерка и пејачка, Роберто започнал да свири тапани на четири, а пијано на осум години. Неговиот музички вкус отсекогаш бил еклектичен: хард рок, американски џез, фанк и соул, африканска и бразилска музика, класика, регетон, електроника, хип-хоп… Неговите афро-кубански корени го крепат звукот што гради мостови помеѓу традиционалното и модерното и ја носат кубанската, воопшто музиката, напред кон иднината. Во 2012 го објави Греми номинираниот албум „Yo“ на кој соработуваше со 15 познати музичари од Куба, САД и од Африка меѓу кои Фатумата Дијавара од Мали, со која воспостави успешна концертна соработка што резултираше со албумот „At Home”, снимен 2015 година во живо на фестивалот Jazz in Marciac. Во 2019 година го објави „Yesun“ на кој му гостуваат реномираниот саксoфонист Џо Ловано и прочуениот француско-либански трубач Ибрахим Маалуф. Денес, како исклучителен музичар, Роберто Фонсека ја создава музиката што отсекогаш сакал да ја твори.
Tickets
-
Билет
Buy tickets24-10-2021 Price: 1000ден.