„Пикова Дама“ Опера во три чина од П. И. Чајковски
Национална Oпера и Балет, Скопје
20:00
14 Dec
Event details
Event map
„Пикова Дама“ Опера во три чина од П. И. Чајковски
„Пикова Дама“
Опера во три чина од П. И. Чајковски
Диригент: Григор Паликаров
Режисер: Вера Немирова
Сценограф и костимограф: Јулијан Табаков
Кореограф: Анна Пампулова
Диригент на хорот: Теодора Георгиева
Херман: Валериј Георгиев
Лиза: Ирина Жекова
Грофицата: Бојка Василева
Гроф Томски / Златогор: Пламен Димитров
Кнез Јелецки: Иво Јорданов
Чекалински: Пламен Рајков
Сурин: Евгениј Станимиров
Чаплицки: Велин Михајлов
Нарумов: Петар Петров
Управник: Владислав Владимиров
Полина/ Миловзор: Михаела Берова
Гувернантка: Вјара Железова
Маша: Галина Великова
Прилепа: Лилия Илиева
Солисти, оркестар, хор и балет на Државна опера Варна
Во својата анализа на делото Вера Немирова истакнува дека ако во
2007 год. барала пореално читање на „Пикова Дама“, сега нејзините барања
во продукцијата на Државна Опера Варна дефинитивно се во доменот на
психолошката драма.
За разлика од романот на Пушкин, во кој херојот Херман е прикажан како
бесчувствителен и пресметлив, П.И. Чајковски го обдарил со богата, опасна
за себе и општеството преосетливост.
Поделена личност, растргната помеѓу две страсти: невозможната љубов кон
Лиза и страста за коцкање.
Сè до моментот кога страста за играта целосно го обзема, тој ја носи
симпатијата на гледачот. Меѓутоа, во него сè повеќе преовладува страста за
играта и профитот и ја заборава својата првобитна цел: да се бори за својата
љубов.
За разлика од него, Лиза ја следи до крај својата цел, ветувајќи дека ќе го
поврзе својот живот со Херман, па дури и ако е криминалец. По цена да се
изгуби себеси, таа со цело битие оди кај него. Тука се разминуваат нивните
патишта, а меридијанот што ги поврзува и раздвојува е судбината на старата
грофица.
Поранешната „московска Венера“, позната социјалистичка и страсна играчка
на карти, во Херман го гледа својот ангел смрттник, а тој неа ја гледа како
холограм. Баладата на Томски предвидува дека Грофицата ќе добие смртен
удар од оној што ќе дојде да ја дознае тајната на победничките три карти, тие
се поврзани со судбината.
Љубовниот триаголник на Ерос и смртта ги заплеткува Херман, Грофицата и
Лиза и води до фатален крај за сите тројца.
Самиот Чајковски е дел од секој еден свој херој. Во секој негов херој се
среќаваат силуети на неговиот сложен и многу страдален лик.
Заради тоа, „Пикова Дама“ пред се е силна психолошка драма, а второ и не
помалку важно, шокантна социјална трагедија во која сиромав и обичен
човек како Херман, нема место и право на љубов во светот на богатите.
Tickets
-
Билет
Buy tickets14-12-2024 Price: 800-1200ден.