MORDÁI / LUFTHANSA @OFFest 2025

Младински Културен Центар, Скопје

21:00

08 Jun

MORDÁI / LUFTHANSA @OFFest 2025

Event details

Date (start) 08-06-2025
City Скопје
Time (start) 21:00

Event map

MORDÁI / LUFTHANSA @OFFest 2025

MORDÁI – 8 Јуни • МКЦ Дансинг сала • 21:00

NOVÉ SOMA вокал
VÉRTESI FERENC електрична гитара
MÁRTON CSERNOVSZKY бас
KOSZTOLÁNSZKI DOMINIK саксофон
SZABÓ-SIPOS ÁGOSTON тапани
https://www.facebook.com/mordaimusic/

Mordái е фолк-рок бенд кој во најголема мера е инспириран од репертоарот на унгарските експериментални фолк музичари од 60-те и 70-те, чиј специфичен звук го отсликува мрачниот дух на друмските одметници. Многу брзо по првиот сингл Mordái се наметнаа како важен дел сцената во Будимпешта и се претставија на некои од најважните унгарски фестивали и клубови. Првите снимки од 2020-та им донесоа повеќе признанија и следуваше молскавична кариера. Албумот „A Dream Fell On My Еyes“, издаден во 2022, им донесе блескави критики и восхит кај публиката. Групата има настапувано на најпрестижните европски фестивали, како Primavera во Барселона, Eurosonic во Холандија, INmusic, Volt, Waves, Budapest Ritmo, Music Moscow и други. Влијанијата од фолк музиката на звукот на Mordái му даваат автентичност и длабочина, текстовите полна ангажираност, а рокот и гитарите – голема движечка сила. Mordái годинава се најдоа на програмата на South by Southwest во Остин, Тексас, што е досега најголемото признание за бендот.

 

LUFTHANSA – 8 Јуни • МКЦ Дансинг сала • 22:00

МАРТИН ЏОРЛЕВ гитара и вокал
ЛУКА ЈОВАНОСКИ гитара и вокал
АНДРЕЈ ДИМОВСКИ гитара и вокал
РАДЕ БИКОВСКИ бас
ВИКТОР СТОЈАНОВСКИ тапани
ИВО НИКОЛОВСКИ гитара, клавијатури и вокал
https://www.facebook.com/thelufthansaconspirators/

Луфтанза се формираа во 2020 година и со 4 албуми, 5 години подоцна, прераснаа во кормиларите на свежиот бран во македонската алтернативна музика. Вредни, енергични и исклучително скромни, овие талентирани музичари ја претставуваат генерацијата на која ѝ е јасно дека формулата е многу едноставна – со искрена љубов и многу труд, резултатите пристигаат сами. Потврда за тоа се нивните настапи во Унгарија, Полска, Естонија, Латвија, Литванија, Словенија, Хрватска, Србија… Луфтанза имаат неверојатен спектар на вкусови, интереси и музичко познавање. Продукцискиот квалитет на нивниот материјал се носи со изданијата на релевантни светски инди имиња, но тоа не би значело ништо доколку во нивните песни не вибрира енергијата што ја поседуваат. На последното издание „Далеку од вистинското нешто“ (2024) можете да препознаете влијанија и од Black Sabbath, па и од Darkwood Dub и сè помеѓу. И ако воопшто можат да се стават во рамка тоа би одело отприлика вака: експериментален и психоделичен рок, пост- панк и no-wave. А вистинската слика е онаа на концертните настапи.

Tickets