LOS PIRAÑAS
Младински Културен Центар, Скопје
20:00
03 Jun
Event details
Event map
LOS PIRAÑAS
Los Pirañas се инструментална супергрупа од Колумбија во која учествуваат три музички визионери од Богота: Eblis Alvarez (Meridian Brothers, Chúpame el dedo), Mario Galeano (Frente Cumbiero, Ondatropica) и Pedro Ojeda (Romperayo, Sidestepper). Обединувајќи ги експерименталните можности на ритмите и звуците во Јужна Америка (кумбија, чампета, тропикалиа, салса и други) со авант психо-рокот, даб минимализмот и „бодликавиот“ џез, Los Pirañas е ретро-футуризам од најдобар вид. Сите овие стилови тие ги комбинираат во рок манир, со бучни импровизации и апсурден музички хумор. Замисли го Captain Beefheart во егзотично расположение. Или можеби Carlos Santana во млади години на LSD. Сосема лудо, но во исто време исклучително пријатно и погодно за танц и уживање. Интензивните европски турнеи им донесоа настап на некои од најголемите и најзначајните фестивали, како данскиот Roskilde (2016) каде што изместија толпа од 10.000 луѓе, португалскиот FMM во Синеш (2016), холандскиот Best Kept Secret (2018) и многу други.
Tickets
-
Билет
Buy tickets03-06-2022 Price: 400ден.