KIMMO POHJONEN / MARIA JOÃO @ OFFest 2025

Национална Oпера и Балет, Скопје

20:00

06 Jun

KIMMO POHJONEN / MARIA JOÃO @ OFFest 2025

Event details

Date (start) 06-06-2025
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

KIMMO POHJONEN / MARIA JOÃO @ OFFest 2025

KIMMO POHJONEN – 6 Јуни • Национална опера и балет • 20:00

KIMMO POHJONEN хармоника

https://kimmopohjonen.com/

Кимо Похјонен е своевиден револуционер на хармониката, а заради специфичниот стил на свирење е исклучителен и во глобални рамки. Имајќи ги предвид неговите уникатни проекти и композиции, Похјонен е еден од ретките артисти кои создале нов и независен жанр. Со децении редовно настапува по светот и бил на програмата на фестивали и клубови со фокус на различни музички правци. Низ долгата и плодна кариера се впуштил во проекти кои можат да се дефинираат како рок, фолк, авангарда, импровизација и класична музика. А тука се и театарските и танцови перформанси. Оригиналните и екстремни композиции, аудио деталите и анимираниот настап на сцена се главните причини зошто Похјонен е на светската мапа. Развојот на кариерата и вкусовите на Кимо Похјонен е невообичаен како и самата негова музика. Со хармониката се запознава на негови осум години во семејната танцова група и зрее свирејќи финска народна музика. Интересот подоцна се сели кон кејџун музиката од Луизијана и хармоникашките стилови од Тексас. А во еден период живее и во Буенос Аирес, за да го совлада и танго нуево стилот и музиката на Астор Пјацола. Кимо Похјонен е и магистер по музика со диплома од престижната хелсиншка Сибелиус Академија, каде често и предава.

 

MARIA JOÃO Аbundância – 6 Јуни • Национална опера и балет • 22:00

MARIA JOÃO вокал
JOÃO FARINHA клавијатури и електроника
HORTENSIO LANGA  тапани
MARIANA RAMOS придружен вокал
INÊS ALMEIDA придружен вокал
MARIANA BRISSOS придружен вокал
https://www.facebook.com/mariajoaomgrancha/

Марија Жоао неодамна издаде албум со кој ја прослави 40-годишната кариера. Снимен во Лисабон и во Мозамбик, “Abundância” (2025) е плоча за нејзиното враќање кон корените. На сесиите во Мозамбик учествуваат локални музичари и чудесен хор кои оставаат печат на изданието продуцирано од мајсторот на електроника, Луиш Фернандеш. Секогаш отворената приказна на Марија Жоао повторно нуди нова визија која во една песна може да премине од џез во електроника и да го адаптира гласот на нотите на инструментите. Нејзиното име е неизбришливо од историјата на португалскиот џез. Пред повеќе од 40 години, во 1983-та, со нејзиниот настап во Orfeu и истоимениот албум, Марија Жоао тргна на своето уникатно патешествие. Нејзиниот опус е манифестација на слободата која ја нурна во најдлабоките акустични традиции, а со еднаква леснотија ја вивна и во електрониката. Марија Жоао е глобално признаено живо богатство. Иднината секогаш е најдоброто место, верува пејачката која со декади градеше различни успешни партнерства, од Марио Лагиња до Карлос Бика, Аки Такасе, Андре Мехмари, Колективот Огре, Егберто Гисмонти, Џо Завинул, Трилок Гурту… Со “Abundância“ таа повторно ги премина музичките мостови меѓу минатото и сегашноста, џезот и „музиката на светот“, ритмите и мелодиите. После Лисабон, ОФФест е првата европска концертна премиера на новиот проект.

Tickets