HAMID DRAKE’S TURIYA: HONORING ALICE COLTRANE
Национална Oпера и Балет, Скопје
20:00
14 Oct
Event details
Event map
HAMID DRAKE’S TURIYA: HONORING ALICE COLTRANE
Ndoho Ange – танчерка, рецитатор
Susana Santos Silva – труба
Jan Bang – електроника
Jamie Saft – пијано, клавијатури, Fender Rhodes
Pasquale Mirra – вибрафон, перкусии
Joshua Abrams – контрабас, синтир
Hamid Drake – тапани, перкусии, вокал
Некои омажи се поголеми од другите. Особено кога една легенда ѝ оддава почит на друга, како во случајот со Хамид Дрејк и иконата Алис Колтрејн. Афроамериканската активистка, композиторка, органистка, пијанистка, харфистка, автор на неколку книги и духовен водач Алис Колтрејн беше жена со извонредна способност и капацитет да иницира воздигнување, обновување и регенерација кај сите оние што имале прилика да ја сретнат и да ја слушнат нејзината музика. Таква среќа имал и Хамид Дрејк. Ја запознал млад, на 16 годишна возраст, средба што предизвикала заемна кореспонденција и суштински го инспирирала неговото уметничко творештво. Звукот на Алис Колтрејн е звукот на спиритуалниот џез. Таа беше духовен гуру на многу музичари, постари и помлади од неа. Можеше многу лесно да заврши во сенката на нејзиниот сопруг, великанот Џон Колтрејн, но таа поседуваше уметничка и духовна визија што придонесе нејзината музика, лик и дело да блеснат уште посилно. Се покажа дека нејзината музика изврши огромно влијание во светот на џезот, но и пошироко. Што остана од нејзината повеќеслојна, блескава траекторија? Хамид Дрејк си зададе задача да одговори на ова прашање, потпирајќи се исклучиво на своите тапани и сеќавањата на неговата долга преписка со уметницата. Се разбира, и на неговиот исклучителен талент, брилијантен како и интернационалната екипа врвни музичари што го придружуваат во оваа прекрасна музичка посвета.
Tickets
-
Билет
Buy tickets14-10-2022 Price: 800ден.