DAVID TORN / FRED FRITH TRIO

Национална Oпера и Балет, Скопје

20:00

17 Oct

DAVID TORN / FRED FRITH TRIO

Event details

Date (start) 17-10-2019
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

DAVID TORN / FRED FRITH TRIO

DAVID TORN електрична гитара, електроника

Дејвид Торн е композитор, текстуралист, гитарист, импровизатор, филмски композитор и продуцент со извонредна светска репутација, познат по својот уникатен музички израз што опфаќа и воедно проблематизира низа идиоми и стилови. Неговиот карактеристичен и композиторски текстурален опус изврши сериозно влијание како врз филмската музика така и врз современата електрична, електро-акустична и електронска музика. Креативниот придонес на Торн ги збогати и облагороди делата на голем број познати музички уметници, како Дејвид Боуви, Лори Андерсон, Тим Берн, Мадона, Тори Амос, Руичи Сакамото, Мик Карн, Дејвид Силвијан, Јан Гарбарек и Еберхарт Вебер, Стив Роуч, Марк Ишам, Џеф Бек и Дон Чери. Покрај овие ангажмани, Торн првенствено се докажа како еден од најживописните и најимагинативни композитори и иноватори на гитарата во последните 40 години. Користејќи комплексен систем на сложени лупови и ефекти, тој гради звучни визии што асоцираат на отворени рамнини и шилести кањони, на поларни светлини и сиви мугри. Создавајќи волшебни, вонземски пејзажи и пасторални предели, преполни градски авении и океански длабочини, Торн доловува посебна атмосфера како што тоа им успева само на неколку современи музички визионери. Списанието Jazzwise го опиша неговото соло издание „Only Sky” (2015, ECM) како „вибрирачки колаж полн со треперливи звучни форми, мрачен, урбан електронски звучен пејсаж – моќна мешавина на џез, слободен рок и технологија којашто е едновремено комплицирана и благодарна“.

FRED FRITH гитара, бас, вокал

JASON HOOPES бас

JORDAN GLENN тапани

Aнглискиот гитарист, композитор, иноватор и импровизатор Фред Фрит е активен на авангардната музичка сцена уште од шеесеттите години на минатиот век. Три децении ја водеше легендарната група Henry Cow. Во доцните седумдесетти се сели во Америка и почнува да соработува со познати њујоршки експериментални музичари. По издавањето на влијателниот албум “Guitar Solos” во 1974 година, Фрит обезбедува извонредно значајно место на светската импровизаторска сцена, не само како признат соло изведувач, туку и во друштво на музичари како Бил Ласвел, Брајан Ино, Дерек Бејли, Хан Бенинк, Крис Катлер, Лол Коксхил, Роберт Вајат, Том Кора, Зина Паркинс, The Residents, Икуе Мори, Мајк Патон, Џон Зорн (во групата Naked City) и други. Неуморно работеше со поголем број состави, како Skeleton Crew, Massacre, Keep the Dog, Art Bears, Guitar Quartet, Eye to Ear и Cosa Brava, а компонираше музика и за ROVA, Ensemble Modern и Arditti Quartet. Неговото име се среќава на повеќе од 400 дискографски изданија. Од неодамна настапува со своето Fred Frith Trio, во кое членуваат две исклучително талентирани музички фигури од Сан Франциско: басистот Џејсон Хупс и тапанарот Џордан Глен. Триото има издадено два албума за Intakt Records: “Another Fucking Day in Paradise” (2016) и “Closer to the Ground” (2018). Критиката ги опиша како „тројца екстравагантно креативни музичари кои создаваат музика каква што досега никогаш не сме слушнале“.

Tickets