ARETHA FRANKLIN AMAZING GRACE

Кино Фросина,

18:00

23 Oct

ARETHA FRANKLIN AMAZING GRACE

Event details

Date (start) 23-10-2021
City
Time (start) 18:00

Event map

ARETHA FRANKLIN AMAZING GRACE

Amazing Graceе извонредниот концертен филм на Aretha Franklin кој го документира враќањето на кралицата на соулот во госпел музиката во 1972 години, со двата легендарни настапи, придружена од хор, во една баптистичка црква во  Вотс, Лос Анџелес.Таму каде таа го снимаше истоимениот албум, Amazing Grace, кој стана најдобро продаваната госпел плоча во музичката историја а ја доби и Греми наградата. Материјалот за филмот го сними режисерот Sydney Pollack, но тој заврши во магацините на Warner Brothers, следејќи низа технички и проблеми со легалитетот, вклучувајќи ги и оние што го создаваше и самата Арета. Подоцна, кога продуцентот  Alan Elliott ги обезбеди правата за него, филмот конечно ја доживеа вистинската продукција и беше комплетиран. Сепак, музичките сладокусци чекаа речиси половина века за да ги видат фасцинантните изведби на Арета, кои се сметаат за неспоредливи со било што слично во музиката, и кои “привелегираната“ публика во црквата во далечната 1972 ја доведоа во екстаза. Дозволата за прикажувањето на филмот стигна по смртта на Арета, од нејзинито семејство.

Tickets