Празнична Рапсодија бр.3

Македонска Филхармонија – мала сала, Скопје

20:00

17 Dec

Празнична Рапсодија бр.3

Event details

Date (start) 17-12-2022
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

Празнична Рапсодија бр.3

Празнична Рапсодија и оваа зима повторно со вас!

Новогодишните концерти на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева продолжуваат и оваа година со целовечерен пијано-дуо рецитал насловен Празнична Рапсодија.

Со огромно задоволство ве покануваме да бидете дел од Празничната Рапсодија бр. 3на 17ти декември 2022 година со почеток во 20.00 часот во Камерната сала на Македонската Филхармонија.

Пијанистките ќе изведат богата програма од литературата за четирирачно пијано со дела од Волфганг Амадеус Моцарт, Петар Илич Чајковски и Едвард Елгар.

Мимоза Ќека и Јована Трајчева остваруваат бројни рецитали низ државата и во странство. Во 2022 година одржаа самостоен пијано-дуо рецитал во Конзерваториумот Јана Дејла во Прага, настапуваат и на фестивалите Concerti del Tempietto и Les Dimanches Musicaux во Рим и Париз, како и за СОС Детско Село Скопје со целовечерен рецитал насловен Есенска Бајка, а во 2019 година започнува нивната Празнична Рапсодија.

Tickets