„МАДАМ БАТЕРФЛАЈ“ – Џакомо Пучини (16.11.2024)

Национална Oпера и Балет, Скопје

20:00

16 Nov

„МАДАМ БАТЕРФЛАЈ“ – Џакомо Пучини (16.11.2024)

Event details

Date (start) 16-11-2024
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

„МАДАМ БАТЕРФЛАЈ“ – Џакомо Пучини (16.11.2024)

„МАДАМ БАТЕРФЛАЈ“ – Џакомо Пучини

Диригент: Мирон Микхајлидис – Грција ( Myron Michailidis)

Асс.Диригент – Катерина Стојковска

Режисер: Александар Текелиев (Бугарија)

Асс.Режисер: Трајко Јордановски, Љупка Јакимовска

Сценограф: Живојин Трајановиќ

Костимограф: Лира Грабул

Концерт-мајстор:

Асс. хор  мајстор:Јасмина Ѓорѓеска, Ѓургица Дашиќ

Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја  Наунов

Инспициенти:    , Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски

Суфлери:   Невена Георгиева

Настапуваат:Чо Чо Сан – Дарија Масиеро – Италија

Пинкертон – Ѓорѓи Цуцковски

Шарплес – Флорин Естефан –Романија

Сузуки – Марика Поповиќ

Горо – Дејан Стоев

Бонзо – Невен СилјановскиЈ

амадори – Јане Дунимаглоски

Кејт Пинкертон – Соња Пендовска Мадевска

Мајката на Чо Чо Сан – Валентина Димитриевска

Синот на Чо Чо Сан –Комесар – Никола Стојчески

Офицер – Марко Гапо

Слуга –Морнар –Самураи – Александар Тарабунов, Огнен Здравковски

Јакусиде –

Хорот и оркестарот на Национална опера и балет

Синопсис

I ЧИН

Нагасаки, Јапонија кон крајот на деветнаесетиот век. На цветна тераса над пристаништето на Нагасаки, Американскиот поморски Капетан Бенџамин Франклин Пинкертон ја проверува куќата која ја изнајмил од брачниот посредник, Горо, кој му обезбедил и жена-гејшата Чо Чо Сан, позната како Мадам Батерфлај. На Американскиот конзул, Шарплес, Пинкертон му ја објаснува филозофијата на морнар кој крстари по светот во потрага по задоволства. Во моментот тој е воодушевен од нежната Чо Чо Сан, која се слуша во далечина како радосно пее за нејзината венчавка. Влегувајќи опкружена со своите пријателки, таа му кажува на Пинкертон како, кога нејзиното семејство живеело во тешки времиња, таа морала да заработи за живот живеејќи како Гејша. Нејзините роднини влетуваат, бучно изразувајќи ги своите мислења за нивниот брак. Чо Чо Сан му ги покажува на својот младоженец семејните реликвии и му кажува за нејзината намера да ја превземе неговата Христијанска вера. Кралскиот комесар ја изведува венчалната церемонија и гостите и наздравуваат на двојката. Славењето го прекинува вујкото на Чо Чо Сан, Бонзо-будистички свештеник, кој ја проколнува девојката за отфрлањето на религијата на нејзините предци. Пинкертон луто ги брка гостите. Сами со Чо Чо Сан во градината осветлена од месечината, тој ги брише нејзините солзи и таа му се придружува во опејувањето на нивната љубов.

II ЧИН

Три години подоцна, Чо Чо Сан го чека враќањето на својот маж. Таа стои покрај вратата со поглед фиксиран кон пристаништето. Слугинката се жали дека имаат уште малку пари, но Чо Чо Сан има надеж дека еден ден бродот на Пинкертон ќе се појави на хоризонтот. Шарплес носи писмо од офицерот, но пред да може да и го прочита на Чо Чо Сан, Горо доаѓа со лице кое ја бара нејзината рака, богатиот принц Јамадори. Чо Чо Сан ги отфрла брачниот посредник и принцот, инсистирајќи дека нејзиниот сопруг сеуште не ја напуштил. Кога остануваат сами, Шарплес го чита писмото и и кажува дека Пинкертон може да не се врати. Чо Чо Сан му го покажува нејзиното дете, Долоре велејќи дека кога наскоро Пинкертон ќе разбере дека има син сигурно ќе се врати. Ако не се врати, таа побргу би умрела отколку да му се врати на претходниот живот. Трогнат од нејзината преданост, Шарплес заминува без да ја открие целата содржина на писмото. Чо Чо Сан во моментот на очај слуша топовски истрел. Грабајќи го телескопот, таа открива дека бродот на Пинкертон влегува во пристаништето. Како паѓа ноќта, Чо Чо Сан, Сузуки и детето го почнуваат своето исчекување.

III ЧИН

Кога се зазорува, Сузуки инсистира Чо Чо Сан да се одмори. Пеејќи му приспивна песна на нејзиното дете, таа го носи во соседната соба. По кусо време Шарплес влегува со Пинкертон, следен од Кејт, неговата нова жена. Кога Сузуки сфаќа која е Американката, се согласува да помогне во соопштувањето на новостите на нејзината господарка. Пинкертон, обземен од вина, упатува нежен поздрав на местото на неговата претходна среќа и бргу заминува. Кога Чо Чо Сан истапува очекувајќи да го најде него, таа ја наоѓа Кејт. Скршената Чо Чо Сан се согласува да го даде нејзиното дете ако неговиот татко се врати по него. Тогаш, таа го зема мечот со кој нејзиниот татко извршил самоубиство и се поклонува пред статуата на Буда, одбирајќи да умре со чест наместо да живее во срам. Кога таа ја подига острицата, Сузуки го турнува детето во собата. Со плачливо простување, Чо Чо Сан го праќа во градината да си игра и потоа се прободува. Додека умира, го слуша Пинкертон како го повикува нејзиното име.

Tickets

  • Билет

    Buy tickets

    16-11-2024 Price: 1000-1500ден.