„БОЕМИ“ – ЏАКОМО ПУЧИНИ (08.11.2024)

Национална Oпера и Балет, Скопје

20:00

08 Nov

„БОЕМИ“ – ЏАКОМО ПУЧИНИ (08.11.2024)

Event details

Date (start) 08-11-2024
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

„БОЕМИ“ – ЏАКОМО ПУЧИНИ (08.11.2024)

8.11.2024 – Салон на НОБ , 20.00 часот

Диригент: Маурицио Колисанти – Италија

Режисер: Дејан Прошев

Асс.Диригент: Катерина Стојановска

Асс.режисер: Љупка Јакимовска

Сценограф : Зоран Николовски

Костимограф: Марија Пупучевска

Концерт-мајстор: Верица Ламбевска

Асс.Хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска, Ѓурѓица Дашиќ

Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов, Јордан Петрушевски

Испициенти: Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски

Суфлери: Невена Георгиева

Настапуваат:Родолфо: Доменико Менини – Италија

Мими: Анстасија Дорошенко – Германија

Марчело: Горан Начевски

Шонар: Драган АмповКолин: Владимир Саздовски

Мuзета: Катерина Стојановска

Беноа: Невен Силјановски

Алчиндор: Борко Биџовски

Парпињол: Јане Дунимаглоски

Граничар: Александар Никодиновски

Офицер: Тихомир Јакимовски

Дете: Ема Гиновска

Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет

БОЕМИ

Кратка содржина

Боеми е опера во четири чина од Џакомо Пучини напишана е по италијанското либрето на Луиџи Илика и Џузепе Џакоса. Либретото се базира на романот „Животот на боемите“ од Хенри Мургер.Светската премиера на операта е одржана на 1 февруари 1896 во Торино, Италија, диригирана од младиот Артуро Тосканини.

I чин
Дејството во операта се случува во Париз, во денешно време. Сцената на првата слика ја прикажува бедната мансарда на боемите од латинскиот каврт, во предвечерието на Бадник. Во сирмаштвото на оваа соба поетот Родолфо и сликарот Марсел се мрзнат од силниот студ. Барајќи начин да се згреат, решаваат да жртвуваат една од драмите на Родолфо за огрев во ладното ќумбе. Влегува Колин, филозофот, нервозен и лут бидејќи не успеал да заложи за пари, ниту една од своите книги, но здогледувајќи го огнот се развеселува.Согорувањето на Родолфовата драма е пропратено со иронија во музиката и во нивните реплики – смислата за шега е карактеристична за нив и во моментите на најголема беда. Но драмата е кратка, огнот полека стивнува и гасне.Со влегувањето на Шонар, музичарот, среќата им се насменвнува. Тој носи кошница полна со дрва за огрев, храна и вино. Темпераментот на ова момче , го доживуваме во неговото ариозо, каде тој расправа за својата авантура во која ги заработил парите.Бадник е. Друштвото решава да ја помине вечерта во кафаната Момус. Веселото расположение е прекинато од силното тропање на вратата – газдата Беноа доаѓа да си ја земе киријата. Момчињата немајќи намера да му платат, лесно ќе го измамат. Газдата и самиот веќе поднапиен, боемите љубезно го долеваат со уште повеќе вино. Во ваква состојба лесно ќе го испровоцираат да се фали со своите љубовни авантури критикувајќи ја жена си. Боемите божем навредени од ваквото негово однесување , скандалозно ќе го обвинат за блуд и неморал.Така збунет и пијан ќе го избркаат , а парите што во меѓувреме ќе му ги дадат, ќе си ги земат назад. По оваа епизода Марсел, Шонар и Колин тргнуваат во кафеаната Момус, нивното омилено свратилиште. Родолфо останува да го доврши своето ново дело „Кастор“. Неговата замисленост ја прекинува срамежливо тропање на вратата. Тоа е дотогаш непознатата сосетка Мими, која доѓа со молба да и ја запали изгаснатата свеќа. Но, истоштена и задишана од скалите, што ги искачила, таа се онесвестува. Родолфо и помага да седне и ја понудува со малку вино. Привлечен од нејзината необична , нежна и убава појава, Родолфо бара начин да ја задржи подолго во своето друштво. Но Мими се брза и тргнува да замине. На излезот сфаќа дека и го нема клучот, кој најверојатно и паданал додека се онесвестила. Се враќа назад да го побара ,но од провевот свеќата повторно и гасне. Родолфо, итро ја гаси својата свеќа. Во темницата заедно го бараат клучот, кој Родолфо веднаш ќе го најде и ќе го крие во џеб. Судбината потпомогната од снаодливоста на Родолфо , со леснотија ќе ги зближи нивните срца во романтично љубовно исчекување. Барајќи го клучот во темницата, Родофо ја допира раката на Мими што е повод за една од најпознатите тенорски арии, “Che gelida manina”. Во оваа арија, тој ја покажува својата романтична , поетска природа, за потоа да и се додворува признавајќи дека е маѓепсан од нејзината убавина. Охрабрена од топлината што го грее, нејзиното срце, таа ја пее својата арија „Si mi chiamano Mimi“ во која се огледува нејзината едноставна смиреност и константна природа. Во распеаниот дует „O soave fanciulla“, тие прегрнати ја напуштаат мансардата за да им се придружат на пријателите.

II чин
Метеж од луѓе на плоштадот во Латинскиот кварт. Сите се пред Божиќно расположение. Продавниците се отворени. Продавачот на играчки Парпињол поминува низ плоштадот со својата количка, а децата го следат пеејќи го својот хор. На една од тезгите Родолфо и ја купува долго посакуваната шапка на својата Мими, која станува симбол на нивната љубов. Од кафеаната Момус се слушаат весели извикувања на луѓе кои наздравуваат. Тука пријателите се среќаваат, а во мини аријата „Questa e Mimi“, Родолфо им ја претставува својата придружничка. Веселото наздравување на друштво е прекинато со доаѓањето на Музета. Таа е исклучително убава девојка, вистинска кокета, секогаш убаво ублечена. Нејзината појава го привлекува вниманието на сите од кафеаната , а особено сега кога е придружена од стариот но богат господин Алчиндор. Ова на Марсел моментално му го менува расположението. Музето му е слаба точка во неговото срце. И покрај нивните караници и несогласувања во минатото ,тој сеуште е вљубен во неа. Таа не е ништо помалку засегната за него и прави се за да му го привлече вниманието. Во својот последен обид да го испровоцира Марсел , Музета пеејќи ја својата арија „Quando me’n vo’ soletta“, флертува со неколкумина од мажите во кафеаната. Свесна дека успеала, во својата цел таа итро се одлободува од Алчиндор. Панично врескајќи, почува да се жали на „тесниот“ чевел кој ја стега и го праќа да и купи нови чевли. Алчиндор зацрвенет од срам, истрчува да и ја исполни желбата. Вљубените Марсел и Музета се прегрнуваат воодушевувајќи ги присутните во кафеаната. Со пристигнувањето на воениот оркестар друштвото на боемите придржувано до двете девојки си заминува.

III чин
Студено февруарско утро, пред рампата на влезот во Париз. Крај патот се наоѓа таверна во која Марсел и Музета претстојуваат веќе некое време. Задишана и уморена, по улиците се приближува Мими, која често се закашлува и веќе и е јасно дека болеста што ја тишти, земала замав.Таа плачејќи му се обраќа на сликарот Марсел, за помош и признава дека Родолфо веќе долго време ја измачува со својата љубомора и животот им е вистински пекол – тие мора да раскинат. Марсел ветува дека ќе разговара со Родолфо и ја испраќа дома, но таа наместо да замине се сокрива зад едно дрво и го прислушкува нивниот разговор. Родолфо му објаснува на својот другар дека е љубоморен и дека ќе ја напушти Мими. Но, Марсел сомневајќи се во неговата приказна, го провоцира да ја каже вистината. Родолфо признава дека вистинската причина ,за неговата несреќа е болеста на Мими. Во студот и сиромаштијата,неговата љубов, не е доволна да и го врати здравјето и да ја спаси од смртта. Мими во овој момент за првпат ја осознава страшната вистина. Плачејќи и кашлајќи го открива своето присуство. На Родолфо и Марсел им станува јасно дека таа го слушнала разговорот. Родофо се труди да ја утеши негирајќи го претходно кажаното. Во двојниот дует „Adio dolce svegliare“ го гледаме тажното љубовно збогување преку сеќавањата на изминатата среќа на Родофо и Мими и љубоморната караница на Марсел и Музета која завршува со нивно раскинување.

IV чин
Пролет е. Сцената ги затекнува Родолфо и Марсел на терасата во разговор со своите поранешни девојки.„ O Mimi tu piu non torni “е дуетот во кој тие секој за себе пеат за среќните љубовни сега изминати денови. Со доаѓањето на Шонар и Колин на сцената, се враќа старото весело расположение на овие момчиња. Секогаш спремни за шега тие се исмеваат со луѓето од високата класа, нивните бонтон-манири и ги карикираат аристократските танци. И кога ова будалесто однесување кулминир, нивната безгрижност е прекината со влегувањето на задишаната Музета која ја води Мими исцрпена од болеста и близу до смртта. Таа се враќа кај Родолфо за да умре со човетот што го сака.До крајот на чинот, низ нејзината предсмртна еуфорија, во музиката провејуваат теми и лајт-мотиви од целата опера. Тие се нејзина реминисценција на среќата што ја доживеала во оваа куќа симбол на поврзаноста со луѓето со кои почуствувала вистинска животна радост, како симбол наНејзиното љубовно единство со Родолфо. Сите присутни на сцената се свесни за трагичната реалност. Само Родолфо до последен момент го грее надежта, дека таа ќе живее. Дури откако ќе настапи смртта на Мими, тој станува свесен дека е крај. Родолфовото болно извикување на нејзиното име, во музиката проследено со темата на смртта, го означува крајот на операта.

Tickets

  • Билет

    Buy tickets

    08-11-2024 Price: 1000-1500ден.