Влатко Стефановски и гости 10.05.2025

Македонска Филхармонија, Скопје

20:00

10 May

Влатко Стефановски и гости 10.05.2025

Event details

Date (start) 10-05-2025
City Скопје
Time (start) 20:00

Event map

Влатко Стефановски и гости 10.05.2025

После распродадени концертни сали во Лондон, Виена, Осијек, Загреб и Белград, Влатко
Стефановски, познатиот виртуоз на гитара, со концерт со пријателите ќе го заокружи и одбележи
50-годишниот јубилеј на кариерата со втор концерт на 10 мај со почеток во 20.00 часот, во
Македонската Филхармонија. Концертот ќе биде пресек на неговата долга и успешна музичка
кариера, почнувајќи од „Леб и сол“ до неговата соло кариера. Феноменалните изведби на Влатко
ќе бидат надополнети со познати гости. Публиката ќе ужива во спој на инструментален рок, етно-
џез, блуз и македонска традиционална музика.

Влатко Стефановски е роден во 1957 година во Прилеп, Македонија, каде што ја започнал својата
музичка кариера како млад гитарист. Првиот значаен успех го постигнал како член на култната
група „Леб и сол“, која беше пионер во комбинирање на традиционалната македонска музика со
модерен рок звук. Преку работата со „Леб и сол“, Стефановски стана препознатлив по неговата
извонредна техника на гитара и креативен пристап кон музиката. По распадот на групата „Леб и
сол“, Влатко се посвети на самостојна кариера и објави бројни албуми кои го одразуваат неговиот
широк музички опус. Неговата соло кариера опфаќа различни музички жанрови, истражувајќи
области како џез, блуз, етно-музика и акустична гитара. Соработката со врвни музичари ширум
светот дополнително го збогати неговиот музички израз.
Наградуван и признат, Влатко Стефановски е добитник на македонската државна награда за
животно дело во културата и уметноста „11 Октомври“. Покрај тоа, тој доби почесен докторат по
уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, потврдувајќи го неговиот значаен
придонес на светската музичка сцена. Неговата страст кон музиката не само што ја обликуваше
неговата кариера, туку остави и траен белег во музичкото наследство на регионот

Ве покануваме да бидете дел од ова исклучително музичко доживувње.

Чуј и Почуј Продукција доо, Скопје

Tickets

  • Билет

    Buy tickets

    10-05-2025 Price: 1500-2500ден.